Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Активизам

    Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

    February 25, 2021

    Вчера Министерството за култура ги објави резултатите од годишните конкурси за оваа година, кои доцнеа поради индиции за нерегуларности. И оваа година објавата на резултатите не е лишена од контроверзии. Во своето обраќање, министерката Ирена Стефоска нагласи дека е разочарана што се бараат нереално големи суми и што исти лица си конкурираат сами на себе, претставувајќи ја годишната програма за култура вредна 11 милиони евра. За проектите од национален интерес, исти луѓе аплицирале на повеќе проекти, еднаш како автори, другпат како уредници, консултанти, членови на жири-комисии. Апликантите се обиделе да го надмудрат системот и да земат од колачот државни пари, за кои годинава се пријавиле рекордни 6 300 проекти.

    Поради нерегуларностите, распределбата на средствата за одобрените проекти од национален интерес ќе биде за 3 милиони евра пократка и ќе изнесува 11 милиони евра. Според министерката, откако надлежните институции ќе ги завршат финансиските ревизии и достават извештаи до Владата, ќе започнат исплатите за реализираните проекти  од лани, на корисниците за кои ќе се утврди законска основа, додека за одобрените проекти за 2021 година процедурите за исплата ќе одат побргу.

    „Едноставно кажано, исти лица си конкурираат сами на себе. И така, конкурсот ја изгубил смислата за натпревар. Неретки се и оние што аплицираат и со копипејст проекти, односно проекти кои во изминатите години веќе биле поддржани“.  – изјави Стефоска.

    Наводно, тенденцијата годинава била да се поддржат квалитетни, релевантни проекти од јавно значење, а не да се задржи стариот принцип – за секого по малку, со што се поддржани различни етнички заедници, младите автори, маргиналните групи. Но. и покрај овие наводни обиди за надминување на нерегуларностите, на конкурсот повторно можеме да забележиме како се повторуваат ЕДНИ ИСТИ ИМИЊА кои со години земаат огромни суми.

    Финансиските истраги за ланските проекти се во тек. Финансикската полиција ги чешла сите исплати од Министерството за култура во последните пет години, поради сомнеж за малверзации. Додека истрагата не заврши целосно, тие нема да ги добијат парите. Министерството за култура минатиот месец раскина авторски договори вредни повеќе од еден милион евра. Биле склучувани анекси на договори за зголемување на сумите и биле прифаќани обжалени проекти.

    министерство за култура
    • Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    • Протестен марш за ослободување од режимските културни политики

    You Might Also Like

    NOMADS интервју: Стивен Данкaм – професор

    October 22, 2018

    Охрид на листата на скриени богатства на магазинот FORBS

    February 8, 2021

    10 потресни црно-бели фотографии на бегалците од Рохингја што целиот свет треба да ги види

    October 18, 2017

Рубрики

Најново

  • ЈАДРО: Министерството за култура да го олесни пријавувањето за проекти

    April 20, 2021
  • Објавен повик за работилници за филмска критика

    April 8, 2021
  • NOMADS поезија: Отавио Росани

    April 7, 2021
  • Антолог ја објави книгата „Конци на судбината“ од шпанската авторка Марија Дуењас

    April 7, 2021
  • Во седиштето на УНЕСКО утре ќе се чествува 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

    March 22, 2021
  • Дигиталните технологии во истражување, документирање и презентација на културното наследство

    March 22, 2021
  • Cult Shorts филмски фестивал и платформа за кратки филмови

    March 22, 2021
  • Нова платформа за промовирање поезија

    March 20, 2021
  • Тони Димитров и Мартин Георгиевски со жив настап на 24 часовниот концерт ToBe Continued 2021

    March 17, 2021
  • Прва книжарница на тркала

    March 17, 2021

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.