Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Активизам

    Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    February 23, 2021

    По перипетиите со новопоставениот директор на Струмичкиот културен центар, тој понуди  решение со намера да ги надмине негодувањата на струмичките актери, кои со протест го изразија своето незадоволство од неговиот избор за директор. Тој им предложи стручен уметнички директор и три уметнички секторски раководни места за да можат да дојдат токму стручните кадри, кои се искусни и работат во самиот Дом на културата, во секторите како што се за музика, за актерство, за театар. Тој верува дека на овој начин секој ќе се профилира онаму каде што треба.

    “Конкурсот е законски, конкурираат луѓе, веројатно перцепцијата била дека директор мора да биде лице од Домот на културата и тука се јавува проблемот. Убеден сум дека низ разговор и дијалог ќе се изнајде решение и Домот на културата во Струмица ќе продолжи со предизвиците“ – изјави по тој повод премиерот Зоран Заев.

    На оваа изјава на Заев реагираат и од Иницијативата „Култура или фискултура“ кој инсистираат на избор на најсоодветниот кандидат од уметничката фела.

    „Во сите настапи во медиумите и по средбите со министерката Стефоска, ниту еднаш немаме изјавено, ниту побарано за директор на институцијата да биде назначен член на ансамблот или некој од помошниот уметнички кадар. Од каде го добивте тој впечаток? Нашето барање, уште од распишувањето на конкурсот од страна на ресорното Министерство, е да се избере најсоодветниот кандидат! Ставот на иницијативата е да се стави крај на партизацијата во културата, а тоа, нели, беше и Ваша заложба? Или, можеби, повторно е тоа наша искривена перцепција?“.

    Тие пред неколку дена ја објавија и документацијата на избраниот кандидат со кои тој формално-правно ги исполнил критериумите од конкурсот.

    „Успеавте ли да ја видите документацијата која ја приложил избраниот кандидат на конкурсот? Диплома од Празијада, благодарница за учество на Струмичкиот карневал, уверение за учество на обука за нов Закон за јавни набавки, фотографија со Вас и други претставници на власта! Зарем овие документи се релевантен доказ за назначување на генерален директор на национална институција?“ – додаваат во својата реакција од иницијативата.

    Антон ПановКултура или фискултураСтрумица
    • Сагата во НУ Културен центар „Антон Панов“ продолжува

    • Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

    You Might Also Like

    Железничката зграда го преживеа земјотресот, но не и негрижата од заедницата

    November 27, 2018

    NOMADS интервју: Стивен Данкaм – професор

    October 22, 2018

    Меѓународен фестивал на поезија и уметност „Woman Scream“

    March 13, 2019

Рубрики

Најново

  • ЈАДРО: Министерството за култура да го олесни пријавувањето за проекти

    April 20, 2021
  • Објавен повик за работилници за филмска критика

    April 8, 2021
  • NOMADS поезија: Отавио Росани

    April 7, 2021
  • Антолог ја објави книгата „Конци на судбината“ од шпанската авторка Марија Дуењас

    April 7, 2021
  • Во седиштето на УНЕСКО утре ќе се чествува 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

    March 22, 2021
  • Дигиталните технологии во истражување, документирање и презентација на културното наследство

    March 22, 2021
  • Cult Shorts филмски фестивал и платформа за кратки филмови

    March 22, 2021
  • Нова платформа за промовирање поезија

    March 20, 2021
  • Тони Димитров и Мартин Георгиевски со жив настап на 24 часовниот концерт ToBe Continued 2021

    March 17, 2021
  • Прва книжарница на тркала

    March 17, 2021

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.