Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Активизам Став

    Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021

    И покрај ветувањата и изјавите на општина Охрид, дека успева да направи значајни чекори за зачувување на статусот светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот Регион и исполнувањето на препораките од УНЕСКО, кои ги доби на 43-та седница на Комитетот за светско наследство во Баку 2019-та година, реалноста и новиот извештај на УНЕСКО покажуваат дека работите се далеку од сјајни. За три и пол години, откако е објавен првичниот извештај на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, се спроведоа само низа на небулозни и празни чекори, проформа се изработени и усвоени клучни документи и официјални одлуки, манипулираjќи ја домашната и меѓународната јавност, додека паралелно се усвојуваат одлуки со кои се одобрува дополнително уништување на ранливите вредности на нашето најголемо културно богатство, продолжувајќи неуморно со реализирање на сопствените проекти и со урбаната и крајбрежна трансформација во Охридскиот регион.

    Имено, според новиот нацрт-документ на УНЕСКО, исполнети се условите Охридскиот регион да се впише на Листата на Светско природно и културно наследство во опасност, затоа што во последните три години не е направено ништо во врска со подобрување на состојбата и завршување на задолженијата побарани во 2017 година. Извештајот оценува дека не само што не се отстранети постоечките закани и слабости, туку до сега се додадени и нови, а се продолжува и со развивањето проекти со кои дополнително се загрозува ова заштитено подрачје.

    Списокот на светско наследство на УНЕСКО вклучува места со исклучителна универзална вредност кои исполнуваат барем еден од десет културни или природни критериуми, а регионот на Охридското Езеро исполнува четири. Но, и покрај ваквиот потенцијал, очигледна е безидејноста на власта и немањето интерес да се зачува нашето најзначајно природно и културно богатство. Очигледно е дека се нема една единствена визија, ниту усогласеност, а сето тоа на сметка на деградација на културните вредности и комплетно запуштање на културното наследство.

    Друг проблем е и комисијата формирана по повод oваа препорака, а чија задача е да го разгледа самоит извештај и напредокот за спроведување на препораките. Комисијата е предводена од Министераката за култура, Ирена Стефоска, како нејзин претседател, a брои дури 22 члена! Она што е најдискутабилно е што е составена од 5 министри и бројни експерти, меѓу кои еден музиколог, мултимедијални уметници, ескперт за компјутери, експерт за образование, експерт за политички систем, експерт за маркетинг во филмската продукција и само ЕДЕН универзитетски професор – историчар на уметност! Во комисијата нема ниту еден конзерватор, ниту еден архитект со искуство во просторно планирање, нема ни археолог, ниту еколог, а нема ни експерт за одржлив развој. Како власта планира да работи оваа комисија и да ги реши напластените проблеми останува нејасно. 

    Македонија за жал, е на добар пат да го го изгуби единсвеното заштитено благо на листата на УНЕСКО.

    културно наследствоОхридУНЕСКО
    • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    • NOMADS поезија: Милица Милосављевиќ

    You Might Also Like

    Шанса за Скопје: Во каков град сакаме да живееме

    March 20, 2019

    Девојки водачи од Руанда ги споделуваат своите приказни

    October 11, 2017

    Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    February 23, 2021

Рубрики

Најново

  • Протестен марш на иницијативата „Култура или фискултура“

    March 4, 2021
  • МСУ со отворен повик до сите млади уметници за престојното 13. Биенале на млади уметници

    March 3, 2021
  • Протестен марш за ослободување од режимските културни политики

    March 1, 2021
  • Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

    February 25, 2021
  • Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    February 23, 2021
  • Сагата во НУ Културен центар „Антон Панов“ продолжува

    February 20, 2021
  • Реакција на МАИ во однос на доцнењето на резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура

    February 17, 2021
  • Излезе првиот број на електронско списание за литература, култура и уметност, „(е)Лит“

    February 15, 2021
  • Поставена изложбата Folded на младиот фотограф Зоран Шекеров

    February 15, 2021
  • Запоставен институтот за фолклор „Марко Цепенков“

    February 15, 2021

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.