Ода на светилниците
Првиот светилник. Црвени и бели риги,
Се влева во зениците, сенките
На пастелните фустани кои ги поткрева ветер
Се испразнува во дребните простори помеѓу минувачите
Во глетката е на камени врвови од кој се ронат
Јажињa и паѓаат врз карпите
Едно глуварче што му одолева на ветерот
Ме заробува неговата агонија
Вториот светилник. Го има својот најстар
Светлиничар. Лежи и знам, со левото
Око го ѕирка. Могилата првин
Ја посипав со боливач. Потоа со здробени
Мимози, а најпосле пристигна
Оганот. Црната трева и камчињата на железната руда.
Прaвиме долги чекори по карпите
каде ќе оди морето кога светилниците молчат.
И лажните одблесоци. Бродовите поминуваат, бродови и надежи
Како малите стебла во црната трева. Јас ја откопчав
Кошулата. Од вџашеност. Пред човекот што плачеше.
Третиот светилник. Го следи патот божји
Иако е од песочни тули. Застршувачки сам.
А некогаш беше луд од љубов. И врз
Пепевливото небо ги црташе куќите, како живи докази за себе.
***
Јагоди
Зад куќата на татко ми стои воз полн со јагоди.
Од вагоните паѓаат и се тракалаат во сите насоки
Бавчата ја покрија како лисје. Есен е и никој не јаде јагоди.
Луѓето велат: „Тоа не се јагоди. Тоа се мали ѓаволи“, а потоа сите
Бегаат во шумите, во планините, зад аглите на самите себе си.
Река јагоди покрај нашата куќа и само прашање
На време е кога ќе почнат да влегуваат внатре.
Таткото ги спушта скалите до главата на возот. Мајката вели „Не качувај се!
Не смееме да им веруваме на јаготките“
Го тегне за кошуата, го тегне за ременот на панталоните, го тегне за косата.
Како го само тегне!
Брат ми седи во колата, го отвора и затвора прозорецот, стиска гас и
Извикува дека веќе нема да го чека.
Јас земам една јагода в рака. Го познавам нејзиниот мирс. Дали е тоа мирисот
На малите демони? Од неа тече крвта и капе врз мојот фустан.
Во нивната утроба се сокрива моето срце
Го знаат ли тоа јагодите? Знаат ли како е да се каже: НЕ.
***
Земјата е бог
Помина петнаестиот ден откако дојдов
Во земја на Абориџините, на крај од светот,
а уште не видов ниту еден
Во сувенирницата насмевнати Кинезинки продават
абориџински предмети, нараквици, шарени здели и
везени торбички, по некоја мртва билка и глетки со кенгури
Тврдејќи дека токму тоа е нешто што
ми фатило око, токму тоа, вистинскиот симбол на Абориџините
Тргни ми се од патот, жено, полна ми е главата од симболика
Ама не ѝ го кажувам тоа
Тука прашуавм: „А каде се Абориџините?“
„Тие не се овде, тие се во планините“, рече продавачка
И јас отидов во планините, сините планини
И видов снег врз мимозите и магнолиите
Како вел, и збунети папрати
И диви какаду птици кои како
Нeкои комедијанти се тетерават на една нога
И малечка чајџилница на работ од пат
Во која служат англиски чај
Не сакам чај, ебави го чајот, каде се Абориџините?
„Тие не се тука. Тие се во пустината“, ми рекоа шумарите
И отидов во пустината
Покривајќи ги очите со парче чаршав, другите делови
Можеби ќе ми затребаат
И кога реков на мајка ми каде сум
Мислеше дека играм мајтап
„Не си со сите“, ми рече, а јас реков
Дека не сум, ама дека тука сега ништо не може да се стори
И ја палам цигарата од мака, а сонцето пече
Како боже прости ми Твојот Збор
Ја гледам распукната земја со која Абориџините
Љубов воделе зашто земјата е бог,
Гледам и веќе ништо не барам
***
Бессоница
Зашто не можам да спијам
На другиот крај од светот, и иако
Ми дадоа лекови за одмарање
Од кои умирам, и тоа е причината
Зашто излегувам касно, и не знам кога
Треба да сум сериозна или пак знам
Ама постојано се клештам
Под мостот црнец во летна маичка дува
Во скасафон, мелодијата се разбива
Од бетонот, во некоја маглина на тага
Над нас небото како изобличен цвет
Од кој ништо не се рони
И напишав: Easy baby!, едвај гледајќи со очите
Овие денови на секому му напишав исто
Потпирајќи се на оградата зад која демнат ѕверови
Сега кога фирмата е изгорена на сето му дојде, на сето крајот
Сѐ е така депресивно и исто,
Единствено фирмата изгоре, ама за среќа никој не е повреден
Единствено песот чувар што беше заврзан до ќенефот
Го закопале утринава велат
Беше жешко овие денови, и мувите беа досадни
И ги имаше ептен многу, премногу
Ама, што ќе правиш
Јас не знам да римувам, па да чекорам по светот
И страдам гледајќи во морето, под убавите фустани
Горе и долу низ улицата растат еукалиптуси
Го враќам мобилниот во џеб, сигналот е лош
Тоа е све што се слуша, шушкање на лисје
Или веќе не се сеќавам
Докажувајќи ја љубовта и дека со мене сѐ е вистинско
Мој боже, прости ми што ќе влезам
Во продавницата на пијалоци
Ќе разгледувам, ништо повеќе
***
Како шеест и деветите
Гледајте, влегов да купам доколнеки, беше сончен ден
Ветерот од Тасмановото море сечеше, видите
Па јас делумно и поради тоа веднаш тргнав
Кон пекарата
И ја видов нејзе како ме гледа
Сребрена натапирана коса и прамени кои се одвојуваат
Во спротивните страни
И изгледаше како добра старица
Бордо кармин со тешки потези на раката
Размачкани околу усните
И јас сакам кога добрите луѓе гледаат во мене
Ама ми се чинеше дека нешто ќе ме запраша
И јас се свртив во спротивната насока
Кон фрижидерите со пилешко
И можев да ги видам пилешките маринирани ножиња
Во садови од стиропор
кои кога ги кубиме
ги отсекуваме и фрламе на мачките
И тука уште беа нанижани пилешките глави и изгледаа
Скоро живо, небаре секој миг ќе ковнат нешто – И токму помеѓу
Распарчаните пилешки тела старицата рече:
Excuse me?
И јас продолжив понатаму преправајќи се дека не ја слушнав
Понатаму, кон одделот со зачини и почнав да кашлам
И поради гласната музика која ја пуштаа во маркетот
А која што работничките на касите ги претвараше
Во дрваја што се насмевнуваат
Не ја придушував кашлицата ама ми требаше пумпица
И тогаш пак ја здогледав
Ја турка количката до половина наполнета со секаков зеленчук
Ако ја отворам торбата таа ќе ме стигне
И јас продолжив понатаму, тешко дишејќи, понатаму
Низ полиците со чоколади
И кекси и кандирано овошје
И ја зедов кесичката со сушени јаболки
Шумолеше под моите прсти, иако
Овошјето внтаре беше црно и за никаде, ама не
Можев повеќе да останам
Се довлеков до касата и ја спуштив кесата на подвижната лента
Требаше веднаш да излезам, мислев,
И тогаш ја видов количката која запре токму до мене
Полна со секаков зеленчук
Excuse me?
Како искорнат есенски цвет. Со блескави стаклени очи.
Yes?, реков јас.
Уживав во својата реченица, а јас едвај можев да ја погледнам, сѐ
Беше толку тивко, никаде жива душа. Видете, помалку чудна работа.
***
ПОД ЈАПОНСКАТА ЦРЕША
Под јапонската цреша што расцутела покрај патот
Тука скончал стариот пес
Тој мешанец што го мршкале
И гаѓале со камчиња, пикавци, со што ќе фатат
Беше околу 3 попладне
Се враќав од маркет
Носејќи торба на рамото, тој пес лежеше,
Ама кога неговиот инстинкт не го оживеал пилешкиот дроб
Го турнав со врвот на санадала
Меките сиви влакненца врз кои падаа коронките
Или нешто друго сосема невидливо
Зјапам во црешата која не изгледа загрижена
Конечно себе си се гледам, ме заобиколуваат дечиња што лижат сладолед
Госпоѓици со машнички во косата, миленички на татковците
Зашто таков си е адетот
Застанав пред јапонската цреша
И мирно го чекав на својот ред
Препев од босански на македонски јазик: Сеида Бегановиќ
Наида Мујкиќ, поетеса, книжевна критичарка, колумнистка, родена е 1984 г. во Добој, Босна и Херцеговина. Со докторат по книжевноста се здоби на Филозофскиот Факултет во Зеница. Предава литература на универзитетите во Зеница и Бихаќ.Освен тоа моментално пишува колмна «Paths» во книжевната ревија Publisher Weekly u Sharjahu, во Обединетите арапаски емирати.
Првата награда за творешто ја доби на престижната манифестација Слово Горчина во Столац, награда Мак Диздар за млад поет за збирка необјавени песни 2006 г. Од тогаш има објавено пет книги поезија и една книга на лирска проза: Осцилации, Љубовните шарти на могулот, Шафран, Бавчата не цути, Дожд, Кога паѓав на тревата.
Учествувала на многубројни интернационални манифестаци во: Хрватска, Турција, Луксембург, Македонија, Албанија, Австрија, Австралија. Поезијата на Наида Мујкиќ преведена е на неколку светски јазици и објавувана во повеќе книжевни списанија и антологии во светот. Членува во Друштво на писателите на Босна и Херцеговина и ПЕН центар БиХ.