Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Вино

    Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

    October 6, 2020

    На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија, од 17 до 19 септември 2020, беше соопштено дека во 2021, Меѓународниот балкански вински натпревар ќе се организира во Скопје, со што нашата земја ќе биде домаќин на реномирани меѓународни вински судии и експерти кои ќе го вршат оценувањето на вината што учествуваат на натпреварот.

    Балканскиот регион е на петто место во светот според производството на вино, веднаш зад најголемите земји-производители на вино: Италија, Франција, Шпанија и САД. На Меѓународниот балкански вински натпревар годинава учествуваа 100 винарници од балканските земји, кои ги претставија квалитетот и уникатноста на своите вина.

    „Чест и задоволство е за нас како здружение и како земја производител на врвно вино да бидеме домаќини на овој меѓународен вински натпревар следната година. Тоа е и во согласност со нашите активности за поинтензивно промовирање на Македонија како земја со долгогодишна традиција и квалитет во производството на вино. Одржувањето на еден ваков натпревар ќе придонесе да се потенцираат потенцијалите на македонското вино.

    Дополнително, здруженото градење на балкански вински бренд и соработката меѓу земјите во оваа сфера е од голема полза за градење на свесноста за вината од овој дел на Европа и освојувањето на странски пазари, а токму ваков натпревар е одличен инструмент за промоција на балканските вина“, изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, директор на здружението „Вина од Македонија“.

    Меѓународниот балкански вински натпревар и фестивал традиционално се одржуваше во Софија, Бугарија, а од годинава беше воведен нов систем на организација на овој значаен вински настан, според кој натпреварот на вината од балканскиот регион секоја година ќе се одржува во различна земја, со цел да се прошири опсегот и да се вклучат сите земји производители на вино од Балканот. Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

    Македонските винарници постигнаа значителен успех на годинешниот Меѓународен балкански вински натпревар, освојувајќи речиси 50 медали, при што: „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux & Domaines“ освоија вкупно 16 медали, меѓу кои и специјална награда за најдобра автохтона црвена сорта, „Камник“ се закити со 10 медали, како и специјална награда за најдобро црвено вино од Македонија, „Стоби“ беше наградена со 10 медали, „Бовин“ освои 5 медали, „Шато Сопот“ доби 3 медали, „Ерос“ освои 3 медали, додека „Марков“ освои 1 медал.

    BIWCвино
    • Започнува Таксират Фестивал 22

    • Skopje Jazz Festival 2020

    You Might Also Like

    Нови медали и признанија за вината на „Тиквеш“ на регионално и светско ниво

    June 14, 2019

    Вкупно 22 награди за вината на „Тиквеш“ на натпревари во Британија, Франција и Швајцарија

    May 17, 2019

    Десет медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на натпревари во Германија и Сингапур

    March 5, 2019

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.