Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Случувања Филм

    ЕХО – фестивал на планински филм по единаесетти пат

    September 24, 2020

    Ехо фестивалот влегува во втората деценија од животниот век и веќе ги најавуваат датумите кога ќе се одржи 11тото издание на ЕХО Фестивалот за планински филм, а тоа се 05 – 09 Октомври 2020, додека комплетната програма и локациите ќе ги дознаете за некој ден.

    „Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од Октомври 2020. Иако годинава поради протоколите нема да може да се дружиме со интернационални или домашни гости во форма на предавања и презентации, сепак ве уверуваме дека имаме супер возбудливи новости и одлична програма која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува“ – велат од фестивалот.

    Исто така ЕХО – фестивал на планински филм, кон почетокот на овој месец стана член на Меѓународната алијанса за планински филм “IAMF – International Alliance for Mountain Film”.

    „На состанокот на Генералното собрание на оваа организација, одржан на 2ри септември 2020та во рамки на 68мото издание на Фестивалот за планински филм во Тренто (Италија) “Trentofilm festival”, членовите на собранието изгласаа позитивно прифаќање на нашиот фестивал како рамноправен член во Алијансата, рамо до рамо со 26 институции од светот – најголеми имиња од светот на планинските фетсивали, посветени на промоцијата, збогатувањето и конзервацијата на планинската кинематографија. Алијансата до овој момент ја сочинуваа 25 фестивали на планински филм и еден планински музеј – кои претставуваа 19 земји од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и Океанија. Од сега помеѓу нив и нашето и Ваше „ЕХО“ – од Македонија. На прифаќањето на нашиот фестивал за член во Меѓународната алијанса за планински филм, гледаме на чин на сериозно вреднување на нашата работа за нашата публика низ годините, со проекции на скоро 400 филмови, организација на повеќе од 50 презентации, издавање на книги и организација на разни други едукативни содржини на тема планини и обработка на широк спектар на теми кои го претставуваат соживотот на човекот со нив. Но секако и на чин – кој дополнително не’ обврзува на уште посилна работа!“ – велат во соопштението.

    ЕХО Фестивалпланинафилм
    • 19. CINEDAYS под девизата „филм на секое платно“

    • „Скриени желби, немирни патувања“ – нов роман на Владимир Јанковски

    You Might Also Like

    Оваа наша земја може да биде медена земја

    April 11, 2019

    Промоција на збирката раскази „Шепотот на Данте“

    May 22, 2018

    Самостојна изложба Чудниот рај Сашо Блажес

    November 5, 2018

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.