Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Литература Случувања

    32. Поетска ноќ во Велестово

    August 19, 2020

    Годинашната Поетска ноќ во Велестово ќе биде посветена на поезијата на Зоран Анчевски и скулптурите на Димитар Филиповски, а ќе читаат и шестмина македонски современи поети: Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.

    32-то издание на Поетска ноќ во Велестово ќе биде отворено на 21 август во 21. часот во село Велестово, Охрид, со настап на „Скопје гитар трио“, предводено од Дарко Багески. Водител на програмата ќе биде Марина Димовска.

    Годинашното издание на манифестацијата е посветено на поезијата на Зоран Анчевски, а за неговото дело ќе беседи Милош Линдро, додека, стиховите ќе ги интерпретира Јован Цветкоски.

    Во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Велестово, истата вечер, во 22.00 часот ќе биде отворена изложба на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

    На 22-ри август во 18.00 часот на локација во селото Велестово, позната како „на Каменон“ ќе се одржи настанот „Поезија ̶ Залез“ на кој ќе настапат современите македонски поети: Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Биљана Стојановска, Ѓоко Здравески, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.

    Планираната интернационална вечер посветена на современата исландска поезија, претставена преку две исклучителни исландски поетеси ̶ Сигурбјорг Трастардотир и Кристин Омарсдотир, заради ситуацијата со коронавирусот е презакажана за следното 33-то издание на Поетска ноќ во Велестово.

    Велестовопоезија
    • Отворање на 11. издание на фестивалот „Македокс“

    • Почетокот на филмската програма на 11. Македокс

    You Might Also Like

    Роман од бугарскиот писател Владимир Зарев за Или-Или

    August 29, 2019

    Отворање на изложбата „Белег“ на Бојана Пешевска

    January 24, 2019

    Презентација на Каталин Ердоди во МСУ

    December 12, 2018

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.