Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Литература

    NOMADS поезија: Љубица Шопова

    August 17, 2020

    Апстракт(но)

    Не знам на што се однесува ова
    и кој ќе биде заклучокот.
    Ниту дали ќе биде текст или песна.
    Зборовите имаат ограничен рок на употреба
    и неограничен тек на мислата,
    а јазикот цврсто е втемелен помеѓу.
    Од пенкалото до тефтерот
    еден куп приказ(н)и, тези, контрааргументи
    и една (за)мисла што чека да излезе на хартија.
    Од еден до друг крај,
    меѓу букви, редови, зборови,
    недовршена слика на штафелај,
    нечија сенка или во нечија сенка,
    ничија форма, секаде присутна.
    Аспекти сме на нечија точка на гледање.

    ***

    Игра на зборови

    Се премолчува ли тишината
    од која гласно говори вистината?

    Се говорат ли гласно зборовите
    испишани меѓу редови?

    Ќе ти кажам: погледни!
    Ми велиш: те слушам.

    Си велам, се разбравме.
    Или се разминуваме.

    Како вкрстени мечувалци.
    Како тап молив на хартија.
    Секој во својот ринг,
    секој свој противник.

    Еден куп ликови.
    Само една приказна.

    Чија е оваа игра на зборови?

    ***

    Почетокот на заминувањата

    Септември – гласник на заминувањето
    и проповедник на новите почетоци.

    Крај на детството,
    премолчен со одекот на
    училишното ѕвонче.

    Испарување на свежината
    низ ќумбињата што крчкаат зимници.

    Физичко преминување
    во друга агрегатна состојба.

    Растегнувањето на облаците
    секогаш почнува со заминување
    на претходниот облик.

    Форми во создавање
    извајани од стихови и
    недосушени бои на платната
    чиишто небесни траги ги штитат
    од заминување.

    ***

    Долг

    Си должам себеси.
    Поглед кон езерскиот бран
    и турско кафе во чаршијата.

    Во име на времето што не заминува.
    Како далга и еден куп измислени
    етимологии за земање – давање
    доаѓање ̶ заминување.

    Пермутации. Комбинации.
    Помеѓу нив веројатно постоиме.
    Раѓањето, постоењето, исчезнувањето.
    Помеѓу долгот и враќањето.

    ***

    Љубица Шопова е родена 1985 година, во Скопје. Магистрирала на Економскиот факултет во Скопје на тема од областа на бихејвиористичката економија, што воедно се вбројува во пионерските трудови од таа област. По подолга пауза, повторно се навраќа на пишувањето поезија на еден неформален поетски настан во Старата скопска чаршија во 2015 година. Оттогаш, неколку пати свои стихови чита во рамките на поетските собири „Астални проекции“ и работи на обликувањето на својот поетски израз. Нејзини песни се објавени во изборот песни од иницијативата „100.000 поети за промена“, во списанијата „Современост“ и „АКТ“, во неколку електронски поетски збирки и во арт-панорамата „Допир“.
    Во мај, 2019 година учествувала на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, а нејзините песни беа во најтесен избор од десетте најдобри учесници. „Форми во создавање“ е нејзина прва стихозбирка.

    NOMADS поезијаЉубица Шопова
    • Oд печат излегува новата книга од Калина Малеска

    • ЗДРАВО МЛАДИ полни 10 години

    You Might Also Like

    На осамениот брег покрај морето – роман од Зоран Фериќ

    June 27, 2020

    Говорот на Драган Великиќ, добитник на Меѓународната награда Виленица 2019 година

    September 17, 2019

    Деветто издание на 100 Илјади поети за промена во Струмица

    September 27, 2019

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.