Нова е-книжарница на „Антолог“ за супериорно корисничко искуство

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека на веб-локацијата www.antolog.mk е достапна новата интернет-страница, која е во модерен дизајн и со многу нови функции што ќе им помогнат на корисниците брзо и лесно да ги пронајдат сите информации и со уживање да ги одберат најдобрите книги. Новата интернет-книжарница е создадена да понуди супериорно корисничко искуство со врвна навигација и функционалност, притоа овозможувајќи им на виртуелните посетители да ги видат целосниот каталог на нови изданија, портфолиото на издавачката куќа, тековните настани и акциите што ги нуди оваа издавачка куќа. Новите функции на интернет-страницата на „Антолог“, меѓу другото, вклучуваат: Целосен и детален преглед на сите наши изданија во портокаловата онлајн книжарница. Oвој дел е изработен на рамниште на најголемите светски издавачки куќи. За секоја книга се дадени различен вид информации: категорија, жанр, маса, година на издавање, ISBN, наслов на оригиналот, број на страници, формат, подврска и јазик на изданието, но и за првпат кај нас информации за преведувачот или илустраторот, како и нови филтри за производи за што полесно пребарување и снаоѓање. Новиот литературен блог „Антологџии“, на кој ќе бидат достапни најразличен вид содржини, и едукативни и забавни, наменети за сите генерации читатели. Посебна секција „Creative Europe“ посветена на … Continue reading Нова е-книжарница на „Антолог“ за супериорно корисничко искуство