Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Вино

    Свечено доделени WSET сертификати во „Вински едукатор“ на „Тиквеш“

    December 24, 2019

    Над 60 учесници на обуките на Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци – Wine & Spirits Education Trust (WSET) се стекнаа со сертификати посетувајќи ги обуките организирани од винската школа на „Тиквеш“. Ова се првите дипломи доделени на високо специјализирани обуки реализирани во рамки на школата, кои отвораат квалитативно нова ера во развојот на винската култура во нашата земја.

    „Со ова создаваме критична маса на упатени познавачи на виното, високо едуциран персонал во угостителските објекти и професионални трговци со вино, што е дополнителен поттик за развој на македонскиот пазар на вино и на домашната винска индустрија. Сите тие се сега професионално обучени да ја шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на вино“, – изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на ВВ „Тиквеш“, компанија која ја поседува акредитацијата за организирање на обуките на Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци.

    Обуките се изведуваат преку „Вински едукатор“, школа формирана од ВВ „Тиквеш“, кој е  овластен обучувач од страна на WSET. Од март годинава, досега се одржани вкупно 11 обуки од прво и второ ниво според највисоките стандарди на Лондонската школа.

    Од „Тиквеш“ најавуваат дека наредната година во план е проширување на можностите за обука преку „Вински едукатор“ и тоа со одржување на сертифицирани обуки од WSET од напредно, трето ниво, како и на факултативни програми на македонски јазик, кои на љубителите на вино од други бранши ќе им овозможат информативно, но професионално упатено запознавање со виното и со винската култура. Обуките ги изведуваат реномирани искусни предавачи, сертифицирани од Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци.

    Престижната Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, можат да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа.

    Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на официјалната интернет страница www.wineeducator.eu .

    вино
    • Свечено доделена наградата „ПЕГАЗ“ и промовиран победничкиот роман „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук

    • Градот убав – Skopje street art & graffiti gallery 2

    You Might Also Like

    Дегустација на пет женски вина

    March 10, 2018

    After Work дегустација на вино од сортата Syrah

    March 20, 2018

    Винодонија 2019 со 450 етикети вина од 50 домашни и странски винарии

    November 27, 2019

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.