Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Интервју

    NOMADS интервју: Марија Стојанова и Снежана Стојчевска

    December 13, 2019

    Деновиве излезе од печат графичката арт панорама „Допир“ во издание на Арт Еквилибриум од Гевгелија. Ова, веројатно, е првата книга од ваков тип кај нас, којашто спојува стихови и графика на многу суптилен и сугестивен начин. Наречена е Допир, заради тоа што вкрстува две моќни уметности, но истовремено допира и до сите сетила на публиката, што е навистина реткост на денешната културна сцена. Авторскиот потпис на книгата им припаѓа на Марија Стојанова и Снежана Стојчевска. Марија е културен работник, која активно се бави со проекти поврзани од културата и уметноста веќе дванаесет години. Снежана е етаблирано име на поетската сцена, со пет издадени стихозбирки, голем број објави во антологии и книжевни списанија, како и учества на фестивали. Ги поканивме на интервју за самите да ни раскажат за идејата на оваа книга, процесот на создавањето, соработката со поетите и уметниците, како и за нивните идни планови.

    Разговорот го води: Љупка Антеска

    Најпрво, Марија кажете ни како дојде до идејата да се направи поетска книга со цртежи печатени на сито, со оглед на тоа што многу е полесен и поедноставен дигиталниот печат?

    М: Па со оглед на тоа што сакав Арт Еквилибриум да застане зад еден поинаков проект, проект каков што не сме работеле до сега и кој ќе биде сам по себе оригинално дело, дојдов до идејата за уметничка книга, спој поезија – графика. Со самото тоа што книгата е рачна изработка добива една друга вредност, додека во дигиталниот печат не ја гледам таа тежина. Снежана Стојчевска ми беше првиот избор што ми дојде на памет и ја презентирав идејата и се вклучи како соработник, знаев дека ќе ја увиди вистинската слика што ја имам во глава…

    Снежана вие сте уредник и приредувач на книгата, споделете со нас како течеше процесот на создавање од првиот момент до крајниот производ, како ја направивте селекцијата на поетите и песните и како еден уредник може да биде сигурен дека токму тие се вистинскиот избор?

    С: Оваа книга ја приредив на покана на Марија Стојанова. Во неа се застапени шеснаесет поети и пет ликовни уметници. Воопшто не ми беше тешко да ја склопам панорамата, дури можам да кажам дека ја создадов со леснотија и радост, со чисто срце и ум. Поголемиот дел од песните ги одбрав сама, затоа што веќе ги имам објавено во Современост и ми останале во меморија, така што може да се каже дека песните сами си се изборија за своето место. Се трудам да следам сè што е напишано и објавено од моите колеги и тоа многу ми помогна во овој случај. Главниот критериум беше да објавам поети кои се квалитетни, но не се преексплоатирани, со тоа добивме свежа и нова перспектива. Авторите најчесто потекнуваат или живеат во другите градови со што сакавме да ставиме акцент на децентрализација на уметноста. Значајно е да се спомене дека не поставивме возрасна граница, не постоеше условување според број на објавени книги, така што тука има автори со неколку објавени книги, но има и многу квалитетни автори кои немаат самостојна книга, исто така внимаваме на полова рамноправност помеѓу застапените автори. Морам да напоменам дека ова не е антологија туку панорама, односно едно мое лично видување, кое секако може да биде критикувано, затоа што и критиката подлежи на критика, па така и ова дело, но се надевам дека ќе биде и инспирација на други автори да го дадат своето видување за тоа што се создава на македонската поетска сцена.

    Концепциски, панорамата е поделена на четири циклуси. Зошто токму тие четири, која е замислата, што означуваат и дали со нив можеби се заокружува една целина?

    С: Панорамата е поделена на четири поетски циклуси меѓусебно одделени со илустрации печатени со сито печат. Налик на кругот на животот, на четирите годишни времиња, поезијата и илустрациите тематски ги опфаќаат животот, љубовта и војната, духовноста и смртта. Циклусите сами произлегоа од структурата на песните, односно се наредија како сложувалка. Ова се вечни теми кои ги претставуваат сите сфери на човековото постоење.

    „Тежината“ во книгата ја делат поетите и графичарите. Како беше направен изборот на графичари?

    С: И тоа беше спонтано. Одбрав уметниците кои имаат сосем различни и препознатливи сензибилитети и доаѓаат од различни средини и генерации. Заедничко за сите нив е поетичноста која успеав да ја препознаам во нивните дела и тоа ме поттикна да ги поканам, а тие на драго срце прифатија и одлично се снајдоа со зададената задача да нацртаат нешто по дадената поезија. Првичната идеја беше да има шеснаесет песни и шеснаесет илустрации, но бидејќи бевме финансиски ограничени, моравме да се прилагодиме на реалноста, се одлучивме за една илустрација по циклус, со што на авторите им се даде слобода да изберат песна која највеќе ги испирира или пак да ги сублимираат сите четири песни во една илустрација. Тука би сакала да ги спомнам и да илустраторите, тоа се Давор Кешќец, Едона Азири, Александар Иванов, Ивана Горичан. Илустрацијата на корицата и графички дизајн ги изработи уметницата Емилија Мишева.

    Илустрациите всушност визуелно ги говорат стиховите. Какво искуство споделија со вас како уредници, графичарите во врска со своите цртежи. Како ги испирираше поезијата и им беше ли тешко да создаваат на „зададена тема“?

    С: Соред крајниот резултат може да се види дека навистина се случи допир, синергија помеѓу поетите и уметниците. Мислам дека им беше предизвик самото тоа што досега не работеле на ваков проект, но сепак ова е прашање кое тие треба да го одговорат. На самата промоција ќе има дел во кој ќе се води разговор со уметниците така што секој од нив ќе има можност да го сподели своето личносно искуство што го имал како дел од процесот на созадавњето на оваа книга.

    Може да се забележи дека голем број на луѓе биле вклучени во создавањето на книгата. Би сакале да ни кажете нешто повеќе за печатењето и физичката изработка на делото?

    М: Создавањето на книгата беше еден долг и макотрпен процес. Книгата пројде низ многу раце за да дојде до својот финален производ. Сито штампата е техника која се работи рачно, нема тука пуштај машината и нека штампа, секоја боја е нанесена посебно и така боја врз боја се добива целата слика. Од кога се отштампаа графиките, се носеше на дигитал печат, сечење, окоричување, шиење, па на крај повторно на сито ги штампавме кориците. Секоја нова етапа од книгава за мене беше доживување на еден мал срцев удар. 

    Имате закажано промоција на книгата во литературното кафе Метаноја. Каков „допир“ да очекува публиката на вечерта на промоцијата?

    С: Промоцијата ќе се случи во сабота на 14.12.2019г. во 20:00ч во литературното кафе Метаноја. Се надевам дека публиката ќе ја почуствува синергијата која се случи помеѓу авторите во книгата и ќе ја препознае вложената енергија да се направи нешто убаво и дека ќе имаме пријатен настан.

    Кои се плановите на Марија како дел од Арт Еквилибриум?

    М: Арт Еквилибриум се бави со продукција и издаваштво и соработува со артисти и разни колектви од областа на музиката, графиката и литературата, организира поголеми и помали културни настани, работилници итн… Моите планови се Арт Еквилибриум да си остане на тој терк, а нормално и јас на истиот со ‘се него 😉

    NOMADS интервјуАрт Еквилибриум
    • Во Музејот на современата уметност пристигнуваат светски етаблирани уметници

    • Изложба на Илија Маџаров

    You Might Also Like

    NOMADS интервју: Горан Симоноски – TAPAN

    February 19, 2018

    NOMADS интервју: Јела Кречиќ – писател и филозоф

    November 2, 2017

    NOMADS интервју: Снежана Стојчевска

    October 18, 2017

Рубрики

Најново

  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020
  • Распродаден концертот на Архангел

    October 13, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.