Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Случувања

    Изложбата „Бев загубен” на Тони Попов во галерија Метаноја

    December 3, 2019

    Oтворање на уметничката галерија „Метаноја” и изложбата со наслов „Бев загубен” на Тони Попов, ќе се одржи на 4 декември 2019 година од 19 часот на Максим Горки 19, Скопје. Овој најнов проект на „Метаноја” – галерија „Метаноја” е остварен во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ и е идејно поврзан со визијата на интеракцијата на културата и верата во општеството, а во што уметноста играла и игра клучна улога. Идејата е галеријата да донесе скромен придонес кон остварувањето на оваа визија и на многу уметници да им даде можност да ја прикажат својата имагинација и да нѐ приближат кон возвишеното.

    За изложбата „Бев загубен“

    Целта на изложбата „Бев загубен“ е да се истакне вредноста и убавината на предметите кои во нашето секојдневие не ги забележуваме. Заборавени, фрлени, предмети оставени на забот на времето, токму на такви рециклирани материјали се насликани делата на Попов. На дрвото, хартијата и картонот, авторот успева да им вдахне нов живот, создавајќи уметничко дело. Со истакнување на потеклото на секој предмет, останува забележана неговата историска и сентиментална вредност.

    Насловот на изложбата е инспириран од познатата химна „Милост Божја чудесна“. Како и во химната каде што загубениот човек целосно трансформиран од Божјата милост се наоѓа себеси, така и овие загубени предмети во допирот со убавината и уметноста се трансформираат во нешто ново, трајно. „Бев загубен“ е изложба составена од 21 слика со фигуративна тематика, а се изработени во акрилна или маслена техника.

    Тони Попов е уметник кој твори во повеќе медиуми, но најблиски му се сликарството и поезијата. Роден е во 1975 година во Скопје. По долгогодишното пишување поезија, во 2011 година почнува да се занимава со сликарство како самоук сликар. Неговите талент, вештина и контемплативна креативност се забележани од љубителите на сликарството, но и од уметничките критичари. Досега има реализирано три самостојни изложби, а учествувал во повеќе групни изложби во Македонија и во светот. Покрај сликањето, Попов оджрува теоретски и практични работилници за млади сликари во Осло, Норвешка. Неговите дела досега се продадени во единаесет земји. Живее во Охрид, заедно со својата сопруга и трите деца.

    Самостојни изложби:
    2019, „Барајќи се себеси“, Монтажна галерија
    2018, „Апстрактна поезија“, Јавна соба, Скопје
    2015, „Дојди поблизу“, Национален музеј, Охрид, Македонија

    Групни изложби:
    2018, „Женскиот модел во ликовната уметност“, НУ Завод и Музеј Струмица, Македонија
    2017, „Несовршен простор“, НУ Завод и Музеј, Струмица, Македонија
    2015, „Паратисима“ Саем на уметност, Торино, Италија
    2015, „Звукот на уметноста“, Охрид, Македонија
    2013, ИФЕС, Екс ен Прованс, Франција

    изложбаТони Попов
    • Промоција на стихозбирката „Отвори ги очите“ на Љупка Антеска

    • „Медена земја“ со две нови признанија од Њујорк

    You Might Also Like

    36-то издание на Скопскиот џез фестивал

    October 16, 2017

    Избор на кратки филмови на Саша Станишиќ

    February 20, 2019

    „Крадци на гулаби“ и втора вечер краткометражни филмови

    May 14, 2019

Рубрики

Најново

  • Две престижни признанија за „Медена земја“ на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес

    December 11, 2019
  • Избрани четри финалистки за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуелен(а) уметник(чка)

    December 11, 2019
  • Боемски вински салон Битола 2019

    December 11, 2019
  • Конкурсен повик ГРАДОТ УБАВ 2

    December 7, 2019
  • Промовирана илустрираната енциклопедија „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов

    December 7, 2019
  • Таксират 21 – ready, steady, go!

    December 7, 2019
  • „Медена земја“ со две нови признанија од Њујорк

    December 6, 2019
  • Изложбата „Бев загубен” на Тони Попов во галерија Метаноја

    December 3, 2019
  • Промоција на стихозбирката „Отвори ги очите“ на Љупка Антеска

    December 3, 2019
  • Неделата на македонски филм во Косово

    December 2, 2019

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.