Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Lifestyle

    Во исчекување на првиот SKOPJE WHISKEY FEST

    November 18, 2019

    Oвој петок и сабота, 22 и 23 ноември, Скопје Мериот, ќе се одржи првиот SKOPJE WHISKEY FEST, кој го најавивме тука. Во исчекување на истиот, ви го пренесуваме кодексот на однесување на виски фестивали.

    „Виски Фестивалите се оддржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружување и глобално. Оваа есен Скопје ќе се вброи во тоа друштво и ќе го има својот прв Whiskey Fest. Посетителите може да дегустираат голем број на виски пијалоци и останати алкохолни пијалоци од палетата на сите поголеми дистрибутери кај нас – некои се добро познати за публиката, а некои се ретки и специфични и со сигурност ќе побудат особен интерес кај познавачите на виски пијалоците и ентузијастите. Наша должност како органiзатор е да се обидеме да ви дадеме неколку насоки, совети и предлози за максимално да уживате при посетата на овој прв Skopje Whiskey Fest“ – пренесува организаторот Боттега Евенти.

    • Побарајте чаша за Дегустација. Со секоја купена влезница добивате една избрендирана стаклена чаша за дегустација. Количината за дегустација е 20мл – доволно да се проба одреден вид на виски. По секоја дегустација замолете ги презентерите да ви ја исплакнат вашата чаша за виски. Тие ќе го направат тоа со неколку кружни движења на вода во чашата за да се избегне мешање на вкусови. Чувајте ја својата чаша за дегустација во текот на фестивалот и слободно понесете ја со вас дома како сувенир од првиот Skopje Whiskey Fest.
    • Организирајте го вашето време посветено на виски! Со разновидната понуда и програма која ќе биде најавена ќе сакате да го искористите вашето време најдобро што можете. Подгответе се за многу виски едукација, конверзација и забава во двата фестивалски дена.
    • Облечете се соодветно за типот на настанот – “Dress to Impress!”

    По дефиниција секој виски фестивал претставува луксуз сам по себе. Пожелно е да пристапите со стил кон ова случување. Не мора да носите смокинг, но во некоја мера облеката треба да соодветствува со настанот. Така ќе изразите почит кон изложувачите и останатите посетители. Покажете го својот стил!

    • Конзумирајте внимателно! Свесни сме дека понекогаш има луѓе кои велат дека ќе конзумираат повеќе од колку што можат да поднесат само затоа што платиле карта за фестивалот со кредити за дегустација. Наместо тоа, размислете дека плаќате за можноста да дегустирате префинети производи на едно пријатно место и да се запознаете одблиску со обучени професионалци кои ќе ве воведат во светот на виски пијалоците.
    • Пијте доволно количество на вода! За ова не би требало да ве потсетуваме. Иако дозата за дегустација е 20 мл, сепак ќе дегустирате многу различни виски пијалоци. Пијте доволно количество на вода помеѓу дегустациите или ставете мало количество на вода во вашето виски за да ги ослободите специфичните ароми на самиот пијалок.
    • Подгответе се! Поентата на фестивалот не е во пиењето, туку да доживеете ново искуство. Во преден план е дегустацијата, а не пиењето. Започнете со дегустирање низ различните штандови без некој посебен редослед. Ако го откриете вашиот нов омилен виски, бурбон или сингл малт, сочувајте ги последните кредити за него. По правило организаторите мора да се осигураат дека посетителите нема да пијат премногу. Доколку одговорните приметат дека имате испиено премногу ќе бидете замолени да го напуштите настанот. Уште еден добронамерен совет: Немојте да конзумирате алкохол, ни во најмали количини, пред да го посетите настанот.
    • Разгледајте што друго ќе се случува. Виски фестивалите имаат разновидна програма, од изложбени штандови со сродни категории на виски до музичка програма и атракции. Ако дегустирате неколку часа, направете пауза од пиењето и разгледајте што друго се случува во салата и во специјалните зони.
    • Истражете претходно! Бидејќи бројот на изложувачи и брендови е голем, ве советуваме да ги истражите добро виски брендовите пред посетата на настанот. Учесниците и виски брендовите се истакнати на веб страната на фестивалот www.skopjewhiskeyfest.mk. Информативен флаер со програмата ќе биде дистрибуиран низ градот, целата понуда на виски пијалоци ќе биде истакната на социјалните медиуми, a секој посетител ќе добие и информативен каталог на самиот влез на настанот. Може да присуствувате и на некои од организираните мастеркалсови во посебни простории во мали групи до 25 учесници, а за нив набавете си карти на време.
    • Не бидете “ТОЈ ТИП НА ДЕЧКО/ДЕВОЈКА”… Немојте да одите преку ред и да барате да ве послужат од најскапото или најстарото виски “што го имате”. На тој начин не покажувате почит кон изложувачите, брендот и останатите посетители. Цената и староста не се секогаш одлучувачки критериуми за квалитетот на вискито. Затоа бидете трпеливи и чекајте да дојде вашиот ред. Искористете го квалитетно времето кое презентерот ви го посветува. Поставете неколку прашања за понудата која ја има изложувачот. Земете ја вашата чаша со ново виски за дегустација и уживајте.
    • Поставувајте прашања. Поголем дел од изложувачите имаат искусен кадар кој ќе работи позади штандовите. Тие се таму за да ве едуцираат. Прашајте за историјата на пијалокот кој го дегустирате, што е она што го прави тој бренд посебен.

    Добронамерен совет: Понекогаш со вашата љубезност и заинтересираност може да добиете “невидлив кредит” за дегустација на некое специфично виски од страна на изложувачите.

    • Ширете нови познанства. Освен изложувачите, голем број од посетителите на ваков тип на фестивали имаат завидно познавање од областа. Фестивалот ви нуди можност за запознавање на нови пријатели кои едвај чекаат да го споделат своето изкуство со вас. Виски фестивалите се место каде се разменуваат знаења и каде се склопуваат нови пријателства.
    • Дајте им шанса на сите брендови. Веќе сигурно знаете кој е вашиот омилен бренд на виски. Но секако, дајте им шанса и на не толку познатите брендови кои можеби ќе ве изненадат со својот квалитет и приказна.

    Се гледаме на Skopje Whiskey Fest 1.0!

    Skopje whiskey fest
    • Креативни точки 2019

    • Доделени наградите на затворањето на 18. CINEDAYS

    You Might Also Like

    Македонци работеа на видео-игра наменета за светска сцена

    March 5, 2018

    Заврши првото издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    November 27, 2019

    Што нуди Fashion & Lifestyle Expo ’19?

    March 6, 2019

Рубрики

Најново

  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020
  • Распродаден концертот на Архангел

    October 13, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.