Нова винска есен, нова Винодонија. Со голема возбуда и многу среќни Ви го најавуваме годинешниот Скопски вински салон — Винодонија 2019. Четвртото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Ноември во хотел Marriott, во проширена и збогатена форма и содржина.
Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. Ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои што ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино.
Со повеќе информации за овој настан ќе ве update-уваме во претстојниот период 🙂