Виски Фестивалите се оддржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружување и глобално. Оваа есен Скопје ќе се вброи во тоа друштво и ќе го има својот прв Whiskey Fest. СКОПЈЕ ВИСКИ ФЕСТ е настан кој ќе му додаде вредност на градот убав како метропола која нуди префинети содржини за квалитетно секојдневие. Овој фестивал e наменет да го подигне нивото на виски културата и да го поддржи виски сегментот во нашата земја, a воедно да влијае позитивно на изборот и зголемувањето на виски понудата на продажните рафтови. Пo SKOPJE WHISKEY FEST Скопје ќе биде додадено на мапата на градови во кои се одржуваат виски фестивали.

По спроведеното истражување и по примерот на регионалните и интернационалните виски фестивали, со голема поддршка на организаторите на WHISKEY FEST SOFIA и по стекнатото искуство од одржаното предиздание на SKOPJE WHISKEY FEST, во рамките на the GENTLEMEN’S EXPO ’19, конечно за прв пат кај нас се создадоа услови за да се одржи премиерното издание 1.0 на SKOPJE WHISKEY FEST.
Покрај дегустацијата, ќе се оджат и мастер класови кои ќе се одржуваат во посебна училница до 25 учесници. Како предавачи на мастер класовите се букирани домашни и интернационални презентери или бренд амбасадори. Обично на секој мастер клас освен следењето на предавањето се дегустирaат различни видови на виски или се демонстрираат различни начини на дегустација.
Skopje whiskey fest ќе се одржи во петок на 22 ноември од 18 до 00 часот и сабота, 23 ноември, од 17 до 00 часот, во хотелот Мериот. Повеќе инфо за настанот и карти може да се набават на официјалната страна на Skopje whiskey fest.