Од 19-ти до 21-ви септември во Скопје, на паркингот во Веро Центарот, ќе се оддржи најновото издание на „Вино Фест“. Како што пренесува организаторот, на овој голем неколку дневен настан ќе настапат голем број на македонски музички имиња, како и позната српска рок-поп група, слично на претходните години. Доколку сакате квалитетни вина, гурманско бистро и разноврсна музичка програма, тогаш „Вино Фест“ е вистинскиот настан за вас.
Во продолжение прочитајте ја целосната програма на настапувачи:
Четврток 19.09.2019
19:00-21:00 Драган Б. Костиќ
21:00-22:30 Миле Кузмановски
22:30- 00:00 Игор Џамбазов
Петок 20.09.2019
20:00-22:00 Dj Guardian
22:00-23:30 Фолтин
23:30-01:00 Владо Јаневски
Сабота 21.09.2019
20:00-22:00 Dj Боби
22:00-23:30 Наум Петрески
23:30-01:00 Amadeus Band