Идејата за општество сместено во иднината каде ги нема постоечките бинарни родови улоги е основата за колекцијата насловена како „Пост-родовост – Поглавје I”. Замислена како утописка ослободителна визија, авторот размислува за социо-културните импликации и директните односи со модата. Колекцијата е всушност составена од два дела, две поглавја, чијшто дијалог е фокусот на работата на етикета Лудус годинава.

Првото поглавје се состои од 20 целосни изгледи и над 50 парчиња облека изработени од природни материјали како памук, свила, лен и памучен сатен во препозатливите издолжени силуети, во монохромна или неутрално обоена палета. Главните производи на Лудус се памучните кошули, панталоните и мантилите и тие ја продолжуваат приказната започната со претходните колекции истовремено подигајќи го квалитетот на продуктот со неочекувана моделарска база и недекоративни функционални елементи.
Фотографијата за кампањата за оваа колекција е на Маријо Жупанов, соработник на брендот од Словенија, Мартина Ивановска е задолжена за шминката и фризурите и асистентот Ивана Секулоска. Моделите беа пронајдени преку кастинг на социјалните медиуми минатиот месец. Продукцијата на видеото е на Мирослав Илиќ.

Лудус се заблагодарува на Музејот на Современа Уметност – Скопје за отстапениот простор за фото и видео кампањата за „Пост-родовост I”. Фотографиите и видеото вклучуваат уметнички дела од колекцијата на МСУ, сопственост на МСУ и дела од изложбата на Јане Чаловски и Христина Ивановска „Епилог (Форма на расправа)”.
POST-GENDER Chapter I from Dragan Hristov on Vimeo.
Колекцијата може да се најде на новата веб продавница на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, во Љубљана, во бутикот Луксантика во ГТЦ, Скопје.
ЛУДУС e модна етикета што произлезе од истоимената концептуална продавница во Скопје. Колекциите на Лудус од Драган Христов (дипломец на академијата за ликовни уметности Брера во Милано) се засновани на елементарните човекови чувства, најчесто меланхолични и тажни. Родово неутралните парчиња од висококвалитетни природни материјали и се изработени во естетски минималстички, монохроматски и склуптурни силуети. Ludus, -i – игра, шега, забава, лудорија.