По неколкуте успешни настапи на Љубљанската модна недела македонската модна етикета за безродова мода изработена од исклучиво природни материјали, Лудус, ги прави првите пробиви во интернационалните медиуми.
Фото едиторијалот израбoтен со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов сега се најде и на престижното интернет списание специјализирано за машка независна мода Калтблут Магазин. Едиторијалот е сработен во Словенија, со моделите Анел и Уршка од агенцијата Имортал, каде како стилист се јавува долгодишната соработничка Мартина Ивановска.

Колекцијата Monoscapes може да се најде на новата веб продавница на Лудус, во концептуалната продавница Пентља, во Љубљана, во бутикот Луксантика во ГТЦ, Скопје и на редовните поп-ап настани кај нас и во Европа.
ЛУДУС e модна етикета што произлезе од истоимената концептуална продавница во Скопје. Колекциите на Лудус од Драган Христов (дипломец на академијата за ликовни уметности Брера во Милано) се засновани на елементарните човекови чувства, најчесто меланхолични и тажни. Родово неутралните парчиња од висококвалитетни природни материјали и се изработени во естетски минималстички, монохроматски и склуптурни силуети. Ludus, -i – игра, шега, забава, лудорија.