Студентите на Факултетот за драмски уметности ве покануваат на хуманитарната изведба на претставата „Ревизор“. Со почеток во 20:30 часот на 07.02.2019 (петок) на Академската сцена претставата ќе ја одиграат студентите по актерска игра од четврта година во класата на проф. М-р. Мими Таневска – Србиновска и дем. Ангелчо Илиевски.
Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите. Сите средства кои ќе се соберат ќе и бидат предадени на Снежана Караџовска која во сообраќајна несреќа ги изгуби двете нозе над колена. Потребни се средства кои ќе и овозможат на Снежана операција во болницата AOFE во Утрехт, каде што таа ќе добие протези и обука за кликпротези и ќе може повторно да прооди. На самиот влез во салата, пред почетокот и по завршувањето на претставата, ќе биде оставена кутија каде посетителите ќе можат да ги донираат средствата.

Доколку не сте во можност да присуствувате на претставата, можете да донирате на броевите: 070 143-191 (Телеком) и 078 143-478 (Вип). Исто така со уплаќање на жиро сметка: За Македонија – Снежана Караџовска Скопје, денарска жиро сметка: 300-007016373883, Комерцјална банка АД Скопје, цел на дознака-лекување во странство. За странство – Snezana Karadzovska ul. Ograzden br. 4/1-9, 1000 Skopje, IBAN MK07300307010243080, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, Komercijalna banka AD Skopje Macedonia.
Претставата „Ревизор“ е испит по предметот актерска игра 4 на студентите од катедрата за драмски актери-четврта година во класата на проф. М-р. Мими Таневска и дем. Ангелчо Илиевски. Комедија во која власта во една руска провинција, соочена со доаѓањето на ревизорот го покажува своето вистинско лице, целата корумпираност и злоупотребата на сопствената позиција. Преку гротескна игра се прикажани сите ситуации и изненадувања со кои се соочени ликовите.
Ликовите ги толкуваат:
Антон Антонович – Томислав Давидовски
Ана Андреевна – Стефанија Митовска
Марија Антоновна – Наталија Ристеска
Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски
Амос Фјодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски
Артемиј Филипович Земљаника – Исмет Шабановиќ
Иван Кузмич Шпекин – Стефан Спасов
Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски
Петар Иванович Бопчински – Марјан Наумов
Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски
Февроња Петровна Пошљапкина – Елена Кузманов
Подофицерката Ивановна – Ана Димитрова
Претставата „Ревизор“ беше наградена за најдобра претстава на фестивалот „Dioniz 2018“, кој се одржува во Џаково, Хрватска.