Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Случувања Уметност

    Остен одбележува 50 години Светска галерија на карикатури и Биенале на цртеж

    November 21, 2018

    Годинава Остен – уметност на хартија одбележува голем јубилеј, 50 години Светска галерија на карикатури. Во 2018 година е редовното издание на Остен – Биенале на цртеж, a за промоција на овие две активности во следните три месеци е планирана разновидна програма. Во програмата се предвидени изложби, церемонија на доделување на награди и признанија, промоција на публикации од издавачката дејност на Остен и премиера на документарен филм.

    Официјалната програма ќе се одвива до 13 декември 2018 во галерија Остен, во Национална галерија на Македонија – Чифте амам и во ЕУ инфо центарот во Скопје, додека централниот настан ќе биде на 22 ноември година во Чифте амам, каде е предвидено отворање на изложбата на селектираните автори на Остен – Биенале на цртеж Скопје 2018, доделување плакети и признанија на наградените уметници, отворање на документарната изложба „Светска галерија на карикатури (1969 – 2019) и доделување плакети на наградените карикатуристи на 50-та Светска галерија на карикатури Скопје 2018. Ќе бидат доделени и признанија на соработници на Биеналето на цртеж и на Светската галерија на карикатури.

    Оваа година се доделени и две посебни Гран при награди. Родољуб Анастасов е добитник на Посебно Гран при за извонредни уметнички достигнувања, а Посебно Гран при за придонес во светската уметност доби Пасквале Целона од Италија. Првите награди на Остен – Биенале на цртеж 2018 се доделени на Себастијан Лубински од Полска – прва награда за цртеж, Олга Тобрелуц од Русија – прва награда за графика, Барбара Крол од Германија – прва награда за сликарство на хартија, Петре Николоски од Обединето кралство – прва награда за оригинално дело од хартија, Агњешка Јанкиевич од Полска-прва награда за млад уметник. Доделени се три посебни награди од жири на Дарко Талески од Македонија, Херман Нордермен од Холандија и Анахита Јунеси од Иран и едно посебно признание од жири на Дорота Комар Змислони од Полска.

    Награда „Остен“ добија Босук Ли од Јужна Кореја, Милан Андов Македонија, Харис Кондосфирис од Грција, Ангел Паневски од Германија и Јулио Гарај Теразас од Перу. Наградата на „Остен“ за легат му припаднала на Невзат Бејтули Кица од Македонија, наградата за индивидуално претставување на Хелен Шулкин на Германија, а уметниците од Бугарија ја добија наградата за национално претставување.

    Во галеријата „Остен“ веќе е поставена првата изложба – дела од добитниците на главните награди: Пјер Сулаж и Хенри Мур од колекцијата на Остен Музејот на цртеж. Изложени се фотографии од францускиот фотограф Рено Рулман, кој ја документираше средбата на претставниците на Остен кои му врачија Гран при – статуетка (од авторот Петар Хаџи Бошков) на Пјер Сулаж во неговиот дом во Сет, Франција.

     

    биеналеБиенале на цртежизложбаОстенСветска галерија на карикатури
    • Последна фестивалска вечер со промоции на BookStar

    • Фестивал на младо вино во „Тиквеш“

    You Might Also Like

    Прогласување победник на наградата за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ”

    September 25, 2019

    Поддршка за Бла Бла Телевизија

    May 22, 2018

    Изложба на Емил и Тони Шулајковски

    February 22, 2019

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.