Имаме уште еден видео спот направен за песната „Како во 96-та“ од истоимениот деби албум на бендот 21 век. Се работи за ад хок проект на Васко Атанасоски, заедно со Раде Јордановски и Дени Крстев. Сите песни се на 21 век, снимени за време на една проба, во август 2018 година. Снимено и миксано од Дени Крстев во Studio 1060 во Скопје. Продуцент е Васко Атанасоски.
Малку носталгија кон 90-те не е на одмет. Погледајте.