TABOO OR NOT TABOO? Да се табуизира или не, прашање е сега! Во време на информациска пренатрупаност и „неограничен“ медиумски пристап, логично би било табу-темите да не постојат. Но, наместо тоа, живееме во ера на постидеологија, „fake – news“ и табуизирање, што е всушност маската на празниот публицитет. Поради тоа, оваа година BOOKSTAR носи писатели чии дела до срцевина ги дисецираат болните точки на општеството денес.
„Целта годинава е да ги донесеме најважните потврдени и нови гласови на европската литература и да отвориме дебата на општествено деликатни теми. Нашиот годинашен слоган е TABOO OR NOT TABOO? и целта не е само да се претстават гостите туку и да дискутираме на жешки прашања важни за нас, кои на некаков начин може да ги поврземе со она што нашите гости го пишуваат“ – ќе кажат организаторите.

ЛИТЕРАТУРА ЗА ВАС, ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ!
Фестивалот „BookStar“ e прв фестивал на европската литература во Македонија, организиран од издавачката куќа „Антолог“, оваа година во соработка со издавачката куќа „Готен“, а ќе се случи помешу 13 и 21 ноември 2018 година.
Гости учесници на фестивалот ќе бидат Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), Џамал Уаријачи (Холандија), Антон Баев (Бугарија), Офејгур Сигурдсон (Исланд), Михал Ајваз (Чешка), Рику Корхонен (Финска), Енес Халиловиќ (Србија), Јосип Коцев (Македонија).
Следете ги нашите објави за новостите и деталите во врска со Фестивалот.