Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Литература Случувања

    Возобновување на Поткозјачки литературни средби 2018

    October 26, 2018

    Во петок, 26 октомври, во 19 часот во Занатскиот дом во Куманово ќе се возобнови манифестацијата „Поткозјачки литературни средби“. Настапуваат писатели од Скопје и Куманово: Биљана Станковска, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Христо Петрески и Љерка Тот Наумова, Вања Изова Велева, Катерина Димитриевска Арсеновска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Марина Мијаковска, Сања Атанасовска, Мито Спасески, Трајче Кацаров, Снежана Стојчевска, Ана Љубиќ и Оливера Доцевска, како и пејачката Мартија Станојковиќ, Хорот на Здружение на пензионери Куманово, КУД Ѓоко Симоновски, Денс Студио МАК и Dance Team Fusion.

    Манифестацијата е во рамките на денот на одбележувањето на ослободувањето на Куманово.

    Оливера Доцевска, претседателка на „Јустиција“, еден од организаторите на возобновените Поткозјачки литературни средби изјави:

    „Претставува голема чест и задоволство да ги возобновиме Поткозјачките литературни средби, како национална литературна манифестација, со претходно долга традиција, средби кои беа неизоставен дел од книжевните моменти на градот Куманово, но и на просторите на Балканот. Поддршката која што ја имаме од самиот почеток на оваа иницијатива до утре кога ќе се одржи и желбата на градоначалникот Максим Димитриевски и Општина Куманово, но и сите институции од областа на културата и образованието и видни сограѓани, да дадат максимален придонес кон развојот на културата и образованието во Куманово и пошироко, е од суштинско значење за почетокот и развојот на оваа манифестација.

    Трогателно е кога се гледа желбата на Куманово и неговите граѓани и граѓанки да се учествува и даде солидарна поддршка во еден настан кој претставувал некогаш душа на градот. Се надеваме дека за наредната 2019 година, ќе имаме уште посилна поддршка, на национално ниво, со која ќе овозможиме видни и афирмирани европски и светски литературни дејци, да го посетат Куманово и Македонија и Поткозјачките литературни средби да ја манифестираат својата поширока меѓународна димензија“.

    Мишел Павловски, од Центарот за култура и културолошки студии потцрта дека Поткозјачки литературни средби е замислена како „средба на различни генерации и жанри, на широк собир кој ќе презентира мноштво поетики и естетики, серија различни гледања и пристапи на литературата и уметноста воопшто“.

    КумановолитератураПоткозјачки литературни средби
    • Акустичен соло концерт на El Chapulin од Manu Chao

    • Нов Мексикански филм: наследниците на „Тројцата амигоци“

    You Might Also Like

    Промоција на книгата „Урбанон“ на Марио Савовски

    March 16, 2018

    Современ израелски филм во Кинотека

    December 3, 2018

    БОШ офф настан под наслов РЕМЕК ДЕЛА

    October 26, 2018

Рубрики

Најново

  • Охрид на листата на Светско културно наследство во опасност

    January 21, 2021
  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.