NOMADS поезија: Џон Тејлор – Окна

Џон Тејлор е годинашен лауреат на 3-те Меѓународните книжевни средби во Бања Лука, каде што Здружението на писатели на Република Српска ја објави неговата книгата „Окна” во двојазично (англиско-српско) издание во превод на Кољо Миќевиќ и Сања Зекановиќ, а со илустрации на сликарката Каролин Франсоа-Рубино. За оваа прилика ќе пренесеме дел од оваа негова збирка. За оваа книга преведувачот Кољо Миќевиќ ќе напише: Книгата „Окна” (Portholes) на Џон Тејлор е напишана неколку децении по неговото иницијациско патување во Грција, на островите по Егејското море и е настаната како дневник на едно поетско сеќавање, од кое поетското и животното искуство ги запаметило најважните моменти. Со тоа се објаснува оваа невообичаена и неповторлива палимпсестна форма на оваа збирка поезија. Збирката „Окна” всушност е низа од кратки строфи сведени на многу мал број на зборви, кои ги имаат сите особености на минималистичката уметност, особено во музиката и поезијата, што значи дека Тејлор тие песни ги пушвуал повеќе отфрлајќи отколку додавајќи, притоа подесувајќи ја и формата и изразот во облик на бродско окно низ кое ги набљудувал пределите и пејсажите кои особено не привлекуваат. Во „Окно” Џон Тејлор највеќе го опишува тој поглед на морето – понекогаш налик на океан – кој се простира пред … Continue reading NOMADS поезија: Џон Тејлор – Окна