За жал кај нас доста е запоставена, но сепак наутот е мешунка која би требало да е неизоставен дел од вегетарјанската трпеза бидејќи е одличен извор на протеини, влакна, витамини и минерали. Од витамините се истакнува витаминот Б, а од минералите железото, магнезиумот и калциумот. За да се апсорбира подобро железото, се препорачува наутот да го комбинирате со храна која содржи високо ниво на витамин Ц, на пр. со црвена пиперка или со индиски ореви како во нашиот бел сос. Нутриционстите истакнуваат дека индискиот орев има повеќе витамин Ц од портокалот и благотворно делува на воспаленијата, ги прочистува чисти цревата, а делува и како афродизијак.

Наутот и индиските ореви се основата за белиот сос но секако зачините му даваат посебен шмек на сосот. Потребни се следните состојки:
– 100гр. индиски ореви киснати преку ноќ,
– 100 гр. варен наут,
– 1 лажица сенф, 1 лажица таан,
– лук 4 парченца, 1 помал кромид,
– зачини – оригано,босилек,жалфија
– 1 цеден лимон,
– вода и маслиново масло по желба во зависнот од тоа каква конзистенција сакате за сосот.
Ние овој пат го направивме потечен, ставивме повеќе вода за да добиеме сос за паста. Доколку сакате да направите намаз за утринско мачкање на леб ставете помалку вода. Добар апетит!