Познатото интернет списание „Bored Panda“ го претстави македонскиот визуелен уметник Оливер Маринкоски со краток текст во кој на одличен начин е доближана уметноста до читателот:
„Понекогаш уметноста може да ви предизвика морници. Оливер Мариноски е македонски скулптор, кој пред неколку години почна да создава вознемирувачки дигитални монтажи. Тој од нула ги создава своите надреални монтажи.“

Сфатив дека дигиталните медиуми се многу ефтин и брз начин и можност да ги изразам своите идеи. Правам 3D модели и голем број фотографии. Дигиталните медиуми немаат граници, таму може да направите сè.

„Повеќето дела на уметникот се предизвикувачки за конвенционалните идеи со менувањето на деловите на човечкото тело или креирањето на неживи предмети покриени со човечка кожа. Погледнете ги кошмарните дела на Оливер.“ – „Bored Panda“