Големиот ден за нашата планета Земја #EarthHour2018 конечено е тука! А дали вие знаете како ќе прославите? Не заборавајте – 24 март, 20:30ч по локално време. Исклучете сé од струја и поврзете се со вашата планета Земја. Со #Connect2Earth – ќе бидете дел од најголемото еколошко движење за нашата планета и секоја личност што прави разлика секако дека ќе биде дел од ова движење.
Earth Hour 2018
EXCLUSIVE: The OFFICIAL #EarthHour 2018 video is here! Join the global event today – it’s time to #Connect2Earth http://ehour.me/EarthHour2018-Event
Posted by Earth Hour on Samstag, 3. Februar 2018
Стартувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја прерасна во најголемата светска еколошка акција која инспирира и обединува поединци, заедници, бизниси и организации во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат заедничка акција за домот кој сите го делиме – нашата планета Земја! Постигнати се многу неверојатни работи за нашата клима и биодиверзитет – а тоа докажа дека заедно, сé е можно!
Овој настан кај нас е поддржан е од #EarthHourMK, затоа придружете се и вие во патувањето и заблескајте во еколошкиот мрак и покажете ни како вие, вашите пријатели и фамилија се поврзувате со планетата Земја!