Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Случувања

    „Антево слово“ – официјално доделување на наградите

    March 12, 2018

    На 15 март 2018 година со почеток во 19 часот, во спомен собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров ќе се одржи првото официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.

    Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

    Првата награда ја доби еминентниот македонски автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а трета награда ја доби Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда која оваа година за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова – Лори.

    Претсавниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „Возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

    „Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но, исто така и во своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде ’медиум’ во ’континуитет’ помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу прагматизмот и утопијата. Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на ’експресивната слобода’ која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек“, изјави Митко Гогов од здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, кој во соработка со фамилијата на Анте Поповски и меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ ја востанови оваа награда.

    „На ова издание на манифестацијата учествуваа околу 300 поети од целиот свет, а освен носечката награда „Ил парнасо – Анџело ла Векија“ и онаа посветена на рускиот поет Расул Гамзатов со покровителство на Министерството за култура на Дагестан и управуван од страна на поетесата Марина Акмедова, меѓународниот дел беше проширен и посветен на големиот македонски поет Анте Поповски; Овој дел го координира поетот Митко Гогов и се реализира во соработка со семејството на поетот Поповски.“ – вели организаторот на меѓународната манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, Геро Ла Векија.

    Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“ која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

    Антево словонаградипоезија
    • Рускиот хип хоп артист DJ Vadim во МКЦ

    • Laibach со концертна промоција на новиот албум во Скопје

    You Might Also Like

    Традиционална годишна забава на Скопскиот џез фестивал

    January 21, 2019

    Waves of Ambience – концерти на амбиентални артисти

    December 10, 2017

    Изложба „Бесконечност“ на Петре Николоски

    December 27, 2018

Рубрики

Најново

  • Почна снимањето на филмовите на втората генерација „Докуникулци“ на МакеДокс

    February 19, 2019
  • Threads*MKC Pop Up

    February 19, 2019
  • Промоција на книгата „Во потрага по Роберт Џонсон“ од Питер Гуралник

    February 19, 2019
  • Андре Риу за прв пат во живо во Македонија

    February 18, 2019
  • NOMADS музика: Амбиент албуми 2018

    February 15, 2019
  • ЕГЗИТ објави жестоки гитарски засилувања за „Експлозив” бината

    February 15, 2019
  • NOMADS уметник: Игор Манојловски

    February 14, 2019
  • Проекција на филмот Југо во Котур

    February 14, 2019
  • Кратки филмови на Игор Иванов Изи

    February 14, 2019
  • Изведба на оперската претстава „Хофманови приказни“

    February 13, 2019

nomads.mk на instagram!

  • Dubioza kolektiv #taksirat
  • #trapdafuckup #taksirat
  • #nouvellevague #taksirat #concert
  • #taksirat #20 🤗
  • #botovacha, изложба на Instagram фотографии. 
Повеќе инфо на www.nomads.mk
  • #botovacha со нова изложба на Instagram фотографии.
Повеќе инфо на www.nomads.mk

Следете не на Instagram!

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.