Кристина Хаџиева е уметница која се бави со уметност каде секое дело со својата енергија ја менува атмосферата во просторот каде што е поставено, без разлика дали се работи за слика, скулптура или објект. Клучните елементи во нејзината креација се елементите на повторување, ритам, спиралност, круг, кои ги користи како ткаечки конци, кои се шират, се движат и создаваат визуелно обоена мелодија, би рекле поезија. Бојата се разлева во сите правци, растопувајќи се во психоделични фрактални творби.
Дипломира на ФЛУ, во класата на проф. Благоја Маневски. Зад себе има неколку самостојни изложби и повеќе групни, дел е од сагата Арт Институт, а исто така работи како дел и од групата МОМИ.

Без наслов, Комбинирана техника, 2009 (од Биенале на млади уметници ИДЕНТИТЕТИ/VIII, МСУ Скопје)