За празниците кои следат, изненадете ги своите најблиски со оваа чоколадна маѓија за која ќе ви биде потребно:
- 120 гр. путер
- 120 гр. темно чоколадо
- 150-200 гр. кафеав шеќер
- 2 јајца
- 100 гр. какао
- 40 гр. брашно
- 1/2 лажичка сол
- 1 ќесичка ванила шеќер
- 60 мл. суво црвено вино
Начин на подготовка: Најпрво се растопува путерот со чоколадото, па се додава шеќерот на многу тивок оган. Кога ќе добиете свиленкаста маса, тогаш смесата е спремна за да се додадат јајцата (едно по едно). Сето ова се меша додека не се изедначи, потоа се додава какаото, брашното, солта, ванилиниот шеќер и виното со постојано мешање. Смесата треба да биде изедначена и свиленкаста пред да се излие во сад за печење, во кој што предходно сте поставиле мрсна хартија за печење. Се пече на 180°C околу 20 минути.

Tip and tricks: Ова е количина за околу 10 парчиња. Направете од смесата двојно, за да има повеќе луѓе да уживаат во оваа кремаста структура која извонредно се надополнува со нежните тонови на Cabernet Sauvignon за празниците кои следат.
И секако, заокружете го вашиот оброк со едно парче од кремастата чоколадна маѓија, во комбинација со вранец и Cabernet Sauvignon со што нежните тонови на ванила одлично ќе се наополнат со интензивниот вкус на чоколадото.