Продолжуваме со серијалот на неверојатни комбинации на салати од спанаќ кои се премногу вкусни, а пред сé здрави.
Потребни состојки (за две лица):
- околу 350 гр. спанаќ
- лажица маслиново масло
- 1 лажичка концентриран балсамирачки оцет
- прстофат сол и бибер
- 40 гр. горгонзола
- 5 цели јатки ореви
- 5- 6 суви смокви
Tips and tricks: Генерално претпочитам контрасти кога се работи за спојување на вино со храна, во оваа салата која веќе има длабоко спротивставени елементи: кремастата структура на горгонзолата и крцкавоста на оревите и дршките на младиот спанаќ, како и свежината на спанаќот и интензивните земјени тонови како на сирењето и оревите, така и на смоквата, претставува вистински предизвик за спојување. Лесната слаткост на Cabernet Sauvignon (овој пат барикирано) со нежните тонови на сува слива, малина и ванила и свежиот завршеток кој долго потоа останува на непцето, особено ми дава за право да кажам дека оваа салата одлично се спојува со ова вино.

Виното послужете го на температура од 16 – 18°C, а салатата мора да е ладна, затоа спанаќот мора да е изваден од фрижидер многу кратко пред послужувањето.
Ова е неверојатно лесно предјадење, за вашиот ручек или вечера. Уживајте!