Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Претставување Филм

    NOMADS интервју: Ѓорче Ставрески – pежисер

    December 4, 2017

    Ѓорче Ставрески е режисер од помладата генерација режисери. Покрај кратките филмови, учествува и во омнибусиот посветен на Скопје, Скопје ремикс, а со филмот Исцелител, за прв пат се претставува во долга форма. Неочекуваните реакции на публиката за време на премиерата на овој филм на затворањето на фестивалот Cinedays, беа изненадување и за него самиот. На фестивалот во Солун ја доби наградата од публиката, а ова интервју го правиме непосредно пред неговото патување на фестивалот во Талин. Филмот покрај тоа што изобилува со хумор, во позадина задира сериозни прашања кој го засегаат животот на современиот човек, додека естетски ја прикажува и социјалната димензија на македонското општество. Кои се ставовите на Ѓорче во врска со овие теми, кои беа неговите очекувања во врска со филмот, а кои се следните планови, прочитајте во следните редови.

    Интервју: Тони Димитров

    Филмот обработува една се поактуелна тема. Фокусот е ставен на лековитите својства на конопот или марихуаната, која и кај нас со векови се употребувала како исцелително сретство. Марихуаната во 30-те години станува нелегална за било какво користење, а фармацевтската индустрија го презема монополот врз медицинатa, „лекувајќи“ со отрови и тешка хемија. Денес очигледно оваа тема повторно се актуелизира, а употребата на конопот во медицински цели станува масовна. Зошто е тоа така?

    Како тоа медицината лекува со „отрови“ и „тешка хемија“? Јас мислам дека природното не нужно е подобро од синтетичкото. По таа логика, нема ништо поприродно од тоа да те изеде лав. Види, ако зборуваме за медицината како наука – наспроти како се применува во смешни земји како нашата – веќе векови наназад таа е еден од главните чинители за постојаното зголемување на животниот век на човекот. Вакцините, антибиотиците, хирургијата и се понапредните нови класи на цитостатици, заедно со постојаните подобрувања на условите за живот како хигиената, чиста вода и здравата храна, доведоа до тоа животниот век да биде проектиран денес на 80 и повеќе години. Како за споредба, во средниот век ретко кој очекувал да помине 30-40 години. Е сега, тoa што кај нас медицината се применува средновековно е друг муабет. Без разлика, дефинитивно сум за користење на марихуаната во медицински цели и треба да биде сѐ подостапна затоа што искуствата се позитивни: ја смирува болката, го намалува гадењето, го зголемува апетитот.

    A, што е со комплетното лекување со маслото од коноп направен по методот на Рик Симсон? Тоа не ги ублажува само симптомите, туку и компетно лекува, (да потенцираме) без смртни последици, за разлика од цитостатиците кој покрај живите убиваат и здрави клетки.

    Кој го тврди тоа? Рик Симпсон? Дали има опсежна научна рандомизирана студија која ќе ги потврди неговите тврдења? Нема. Научниот метод е едно од најголемите достигнувања на човештвото. Има маани – доказот во науката знае да биде спор и обременет со административни пречки, особено кога се бави со вакви жешки теми како марихуаната која е класифицирана дрога – меѓутоа тоа е најдоброто што го имаме. Затоа, додека не излезе официјална научна потврда, јас не верувам. Но, ги држам очите отворени и се надевам дека ќе се докаже спротивното.

    Според ова: фармација или природа? Твој личен став.

    Ако баш морам да бирам, би одбрал фармација. Kако што спомнав погоре, медицинската „хемија“ го продолжува животот на луѓето векови наназад. Меѓутоа, мислам дека нема потреба да бидат спротиставени овие два поими, не гледам дека зборуваме за непријатели. Баш напротив, јас мислам дека на човекот му се потребни и природата и модерната медицина. Историски гледано луѓето гравитираат кон градовите и контактот со природата е се помал. Тоа не е за чудење, градот е економичен и нуди брз трансфер на информации. Меѓутоа таа концентрација на луѓе, комбинирана со растечкото ниво на сиромаштија доведува до нефункционални градови во кои луѓето се генерално забетонирани во нивните троседи и се чувствуваат изолирани и депримирани. А, бројни студии укажуваат на фактот дека природата е лековита и само една прошетка надвор од градот го подобрува расположението. Да не зборуваме дека физичката активност, покрај здравата храна е најдобра превенција од многу модерни болести. Но да не заборавиме, вакцините имаат спасено милиони животи низ историјата. Факт.

    Покрај употребата на конопот, загатнуваш уште една подтема, а тоа е суеверието и исцелителството како концепт. Оние кои се во безизлез ќе пробаат се, па така ќе се обидат и со суеверието. Очигледно дека и тој концепт станува се поприфатлив во нашата социјална стваност. Дали е тоа поради бирократизираноста на медицинсклиот апарат, корумпираноста, нефункционалнлоста или можеби причината ја согледуваш на друго место?

    Зборував и претходно, сериозно имам впечаток дека е зголемено суеверието и мислам дека е комбиниран ефект на многу чинители. Дефинитивно еден од поголемите е слободниот пад на здравството. Меѓутоа блиску е и корозијата на образованието и едно генерално губење на човечките вредности. Во исто време се појави интернетот кој делуваше како своевиден катализатор и во дух на постмодерното релативизирање на вистината произведе едно чудо фабрикувани тези, теории на заговор и негирање на науката и големите идеи на хуманизмот, феномени кои претходно беа маргинализирани.

    Ликовите живеат и работат во една крајно социјална средина, на работ на преживувањето. Зошто естетиката на филмот е толку тмурна? Не дека тој слој кај нас реално не постои, напротив, но што сакаше да  постигнеш со тој приказ?

    Тој слој не само што постои, туку процентуално е огромен – над 20% од населението живее под работ на сиромаштијата. Јас потекнувам од социјално семејство и знам што значи немаштија. Дополнително се движам во кругови кои живеат во меур и не се свесни, или одбиваат да прифатат, дека има луѓе кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно, луѓе кои не биле на одмор со години и такви кои немаат доволно време да се видат со блиските во текот на денот. За кого да правам филм? Еве предлог, романтична комедија за син и ќерка на македонски олигарси кои политката на нивните родители ги спречува да бидат заедно. Кога Саше Политико ќе ги нападне олигарсите со телефон, двајцата татковци се здружуваат и одлучуваат да ги спојат империите, а синот и ќерката се венчаат на една голема ледина на Водно. Моливуд! Бесмислено.

    Од каде потребата, една вака сериозна тема да ја претставиш преку хумор?

    Филмот почна како драма, меѓутоа во рамки на омнибусот „Скопје ремикс“ уживав додека ја работев кратката црна комедија „Скопски љубовџии“ и одлучив да експериментирам со хумор. Така се роди структурата на филмот. Комедијата ја облагороди болката, а мене ми беше далеку позабавно.

    Во Солун доби награда од публиката, а и во Скопје филмот беше дочекан со овации. Дали го очекуваше ваквиот прием на филмот? Кое беше твоето чувство пред светската премиера? 

    Се надевав на добар прием. Но дека толку еуфорично ќе биде прифатен филмот не можев да претпоставам. Се уште не ми се верува. Во Солун пред светската премиера бев ужасно нервозен и преплашен. Прв пат филмот се прикажуваше пред публика и тоа пред „непријателот“. Меѓутоа, следуваше топол прием, долг аплауз и прекрасна сесија на прашања и одговори. Ми падна камен од срце.

    Кои се твоите планови на филмски план? Која е иднината на овој филм, а и кои се твоите следни проекти?

    Сакам да се одморам. Целото искуство беше еден исцрпувачки подвиг до губење на здравје. Инаку филмот ќе го промовираме на други фестивали, ќе биде претставен на различни VOD платформи. Не би можел да кажам што е следно.

    NOMADS интервјуЃорче СтавревскиИсцелителпретставувањефилм
    • Започна снимањето на филмот „Сонот за крвта и душата“

    • NOMADS видео: Pluto’s Doubts – Super Jupiter

    You Might Also Like

    „Медена земја“ – македонски кандидат за „Оскар“ и во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

    August 27, 2019

    43. МОТ: Блокбастер

    September 29, 2018

    REEL ROCK по 13-ти пат

    October 18, 2018

Рубрики

Најново

  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020
  • Распродаден концертот на Архангел

    October 13, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.