Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Литература

    NOMADS книга: Треба да е лесно – Снежана Стојчевска

    November 23, 2017

    Слободата што заробува и ропството што ослободува
    кон поетската книга Треба да е лесно од Снежана Стојчевска
    Пишува: Славица Гаџова Свидерска

    Конечно свежина во македонската поетска ризница! После купишта неинвентивна поезија преоптоварена со самобендисаните постмодернистички игри без граници, се појавува поетската збирка Треба да е лесно од македонската поетеса Снежана Стојчевска, во издание на Антолог. И навистина, како што навестува во насловот, авторката навистина лесно, меко и отворено се впушта во поетското промислување на тешките прашања на нашето постоење во миговноста на секојдневието. Со самиот наслов, таа всушност го дефинира своето поетско modus vivendi: треба да е лесно кога се соочуваме со тежината, треба да е лесно да се испее тежината и токму таа леснотија на пишувањето е поетскиот адут на Стојчевска на кој многумина може да и подзавидат.

    Тематските преокупации околу кои се движат метафоризациите и метонимизациите на светот што нè опкружува, може да се поделат на љубов, дом, слобода и време, а нишката што ги поврзува е потрагата. Потрагата по љубов, дом, слобода и време во смисла на дофаќање на мигот и негова трансформација во вечност, кај Стојчевска се претвораат во потрага по себеси и на крајот на краиштата, потрага по повисока и божја смисла на постоењето. На тој начин, поетскиот субјект се движи помеѓу онтологијата и метафизиката, во тој магичен поетски меѓу-простор каде што секоја ситница може да води кон откровение на смислата.  Од навидум наивните женски сонувања за идеалниот дом и идеалниот партнер, идеалната љубов сочинета од безброј совршени мигови во несовршеното и банално секојдневие, Стојчевска многу лесно ја отвора бездната на вечната метафизична запрашаност, како во антологиската песна „Вампир“

    Секој ми зема по едно парче душа
    на заминување.
    Што ќе ми остане на крајот,
    кога ќе се појавам пред Господа?

    Низ дуелите меѓу телото и душата, Стојчевска нè учи дека миговите не треба да ги „голтаме“, туку да ги дегустираме, до оној степен до кој ќе се претворат во вечност.

     Те восприемам полека
    со очите те допирам
    нежно те вдишувам
    и замижувам.
    Внимателно те вкусувам
    префинето вино чувано во дабово буре
    во визбата на моите мечти.

     За најголем дел од песните со љубовна тематика, може да се рече дека се „непоправливо романтични“ бидејќи секогаш се стремат и посегаат по совршенството и идеалот, кои, пак, се изградени од безброј делчиња на несовршеното секојдневие. Поезијата на Снежана Стојчевска може да биде романтична во иста мера во која може да биде и медитативна, и метафизичка, со истата леснотија во перото и со истиот глас кој ни кажува дека слободата да нè направи робови, а ропството може да нè ослободи. Нејзината поезија повикува на ослободување, на поглед од повисока перспектива, на поглед одгоре, иако телото уморно негодува, кашла, кива, протестира, крева температура….душата не може да мирува, ги наслушнува планините, ја повикуваат.

    NOMADS книгакнигалитературапоезијарецензијаСнежана СтојчевскаТреба да е лесно
    • Skopje Vinyl Convention 2017

    • ПИН музичка конференција

    You Might Also Like

    Излезе „ДЛАНКОВОД“ – седмата е-збирка поезија на здружението „Контекст“

    April 5, 2019

    62. Меѓународен саем на книгата во Белград

    October 8, 2017

    Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП

    March 22, 2019

Рубрики

Најново

  • Протестен марш на иницијативата „Култура или фискултура“

    March 4, 2021
  • МСУ со отворен повик до сите млади уметници за престојното 13. Биенале на млади уметници

    March 3, 2021
  • Протестен марш за ослободување од режимските културни политики

    March 1, 2021
  • Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

    February 25, 2021
  • Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    February 23, 2021
  • Сагата во НУ Културен центар „Антон Панов“ продолжува

    February 20, 2021
  • Реакција на МАИ во однос на доцнењето на резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура

    February 17, 2021
  • Излезе првиот број на електронско списание за литература, култура и уметност, „(е)Лит“

    February 15, 2021
  • Поставена изложбата Folded на младиот фотограф Зоран Шекеров

    February 15, 2021
  • Запоставен институтот за фолклор „Марко Цепенков“

    February 15, 2021

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.