Со овој пост ја започнуваме рубриката Здрав живот, рубрика во која ќе можете да ги најдете сите основни аспекти за еден здрав и достоинствен живот во брзото и современо време. Здрава храна, диети, активности во природа, природни лекови, вежбање и сѐ што ќе ви биде потребно за да бидете здрав и фит. Овој прв пост го спремивме во соработка со Оmniblend блендерите, вашиот верен придружник кон здравиот живот.
Путерот од кикирики и темното чоколадо имаат доста позитивни препораки кои би требало да ве инспирираат да ги вметнете во вашата секојдневна исхрана. Кикириките се богати со протеини, со назаситени масти кои се здрави за срцето и се добар извор на витамини (Б, Е) и минерали (калиум, магнезиум). Темното чоколадо кажува вака – богато со антиоксиданси, намалува крвен притисок, подобрува расположение.
Не знам на колку ви е познато, но кикириките растат под земја! И, не се работи за јаткаст плод, туку се работи за зеленчук. Да, кикириката е мешунка, прва братучедка со гравот и грашокот!

Во овој период од годината ги има во изобилие на струмичкиот пазар, лупени и нелупени. Се собираат во есен и можете да ги најдете на пазарот до рана пролет. Откако ќе поддржите локално производство со купување на стурмичка кикирика, време е да го активирате вашиот блендер и да направите путер од кикирики со темно чоколадо.
За тоа задоволство ќе ви биде потребен блендер Омнибленд или некој блендер со појак мотор или фуд процесор и следните состојки:
- 500 гр. Кикирики
- 100 гр. темно чоколадо
- 1 мала лажичка какао
- Прстофат сол
- 2 големи лажици масло

Потребни се 500 гр кикирики со црвена лушпа, непечени и несолени. Кикириките се печат на 180 степени околу 15 – тина минути. Бидете внимателни, бидејќи треба многу малку за кикириките да изгорат, а за путерот нас ни е потребно само да заруменат. Се чека да се подоладат и се лупат барем пола или додека имате трпение, другите се ставаат со лушпа.

Додека се уште топли се ставаат во блендерот и се блендираат 4 до 5 пати на 35 секунди, со мали паузи помеѓу за да не се загрее премногу смесата. Ги ставате само кикириките, останатите состојки ги ставате покасно откако ќе се ослободи маслото од кикириките и смесата ќе стане мазна и скоро течна. При блендирањето, особено на почетокот, вртите со стапот/тамперот се додека путерот не стане течен, кремаст, кога веќе ќе нема потреба дополнително да мешате. На крајот ги ставате останатите состојки (чоколадото, какаото и малку сол и масло). Повторно блендирате кратко, можете на HIGH додека не се растопи чоколадото. Добар апетит!
За повеќе инфо за Омнибленд блендерите посетете го официјалниот сајт www.omniblend.mk.