Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Патување Фотографија

    NOMADS патување: Доживејте ја Куба во едно поинакво светло

    October 29, 2017

    Денес ќе ве однесеме на едно поинакво патување со нашиот пријател и дописник од Шкотска – Мајкл МекДоналд. Неодамна Мајкл го заврши своето патување во Куба со својата група пријатели, а денес тој за NOMADS ја раскажува својата приказна со вистински чувства. Ваквите репортажи не може да се прочитаат на сајтовите за патување, затоа доживејте ја Куба во едно поинакво светло во следните неколку редови.

    © Michael MacDonald

    “Што е тоа што вратите од Куба ги прави толку неверојатно убави? Дали е мистеријата на она што лежи подалеку? Или само фактот дека тие биле изградени без акција или политика која е присилна или одлучувачка? Се чини дека тие се како природни рамки за секој фотограф. Не можев да ја одминам оваа врата, а да не ја фотографирам прекрасната типографија над неа.”


    © Michael MacDonald

    “Сите ние бевме свесни колку деструктивна беше силата на ураганот и колкава загуба ураганот Ирма имаше донесено на Карибите. Кубанците направија се што беше во нивна моќ за да ја вратат земјата повторно на нозе. Некои семејства, особено во селата беа погодени потешко. Во овие моменти ние помагавме во доставата на дребулии, облека и лекови за да помогнеме таму каде што најмногу беше потребно. Таткото од ова семејство само кратко рече: “сé што е важно сега, е дека ние сме живи”.”


    © Michael MacDonald

    “Одејќи низ Малекон, Хавана, можевме да видиме како ранливите домови беа срушени со моќта на морето. Имаше многу работи за поправка по должината на оваа шеталиште, но како и во останатите делови на Куба, така и овде, локалното население едноставно се врати во живот, без оглед на ураганот и сите потешкотии.”


    © Michael MacDonald


    Интервјуира: Ивана Дукоска

     

    Која беше најфасцинантната работа што е сосема поинаква од Шкотска? Што е тоа што треба да се доживее таму, а не може во Европа?

    M. M.: Број еден се различните временски услови! Понекогаш помислував дека Шкотланѓанецот не е човек што е создаден за таква влага и топлина, но многу брзо ќе научиш да уживаш во тоа. Што се однесува пак до уникатните искуства, неверојатно е тоа што културата не е толку доминантна колку религијата, но ако се направи споредба со другите земји што се под шпанско влијание, сепак е присутна особено во форма на карактеристична афро/кубанска култура, а сепак и со своја слободно изградена религија. Архитектурата е многу различна исто така. Зградите имаат тенденција да немаат стаклени прозорци, но само венецијански ролетни. Ова често значи дека ќе се загледате и ќе зјапате во домовите на луѓето. Но, тоа сепак дава еден навистина крупен и поглед од близу на кубанскиот живот.

    © Michael MacDonald

    “Кубанците се чини дека се поистоветуваат со својата шарена околина. А, јас би рекол дека можеби ние тука во Шкотска се поистоветуваме исто така, со мрачните и темни тонови.”


    © Michael MacDonald

    “Пристанишna област, Хавана. Сето тоа е реално. Толку многу текстури и слоеви во овој град.”


     Дали препорачуваш туристите да го доживеат уживањето во кубанско такси? Зарем не е како во филмовите?

    M. M.: Јас и моите пријатели направивме тура низ Хавана во еден автомобил во стил од 1950-те. Добро полираните каросерии ги мамат и ги превезуваат туристите на брзи тури низ Хавана. Тоа е одличен начин да видите многу повеќе од градот за краток временски период. Старите автомобили ве носат назад во времето, пред сé поради тоа што најголем дел од автомобилите не престанале да се движат по патиштата уште од 50-тите години. Сопствениците веројатно се премногу инвентивни кога станува збор за одржување на овие стари автомобили. ☺

    © Michael MacDonald

    “Кога пред мене се појави овој поглед помислив дека ова може да биде сет од филм. Но, сето тоа таму е реално, за слоевитата убавина на Куба е потребно многу повеќе од само површен поглед. Како што се задлабочувате подлабоко и подлабоко, ќе најдете се повеќе и повеќе детали.”


    © Michael MacDonald

    “Сантијаго де Куба. Јавниот телефон добива одредена употреба и покрај фактот дека секој плоштад во центарот на градот има достапен WiFi и затоа плоштадите често се место каде што народот се собира за да се биде онлајн.”


    Дали ти се допадна разиграниот и шарен дух во Куба? Дел од тоа да се биде турист во Куба е сортирање на загатката на идеологијата на таа земја и нејзината економија. Како ти го доживеа комунизмот во земјата?

    M. M.: Шарениот дух на Куба е видлив и во архитектурата и на луѓето. Доловено е дури и во моите фотографии колку луѓето беа енергични и со разиграни бои на нив – налик уметничко дело. Љубовта кон животот, љубовта и музиката е многу јасно видлива насекаде. Тоа е особено инспиративно кога ќе станете свесни за тоа колку може да биде тешко во Куба денес. Бидејќи Куба сеуште се соочува со ембарга од странство, луѓето треба да преживеат без многу луксузи и едноставни секојдневни работи што ние пак, ги земаме здраво за готово, како што се продавници за храна и големи добро снабдени супермаркети. Затоа, направивме посета на складиште за храна за да видиме каде локалните жители ги земаат оброците што ги добиваат од владата, а тоа се јајца, масло и ориз. Очигледно е дека идеологијата на Кастро и Гевара продолжува низ генерации. Луѓето со кои разговаравме се многу горди на својата земја и на нејзината историја. За нив е тешко да не се восхитуваат на сето тоа што го имаат направено нивните херои со земјата, и покрај лошата економска состојба во која сега се наоѓа. Се чувствува како сето тоа да е некаков експеримент што би може да функционира, но што сепак не бил успешен на крајот. Иако нејзините граѓани не можат да живеат толку добро како што би можело да биде, се чини дека има помалку диспаритет меѓу луѓето од она што го има дома кај нас, каде што можете да сретнете многу, многу богати луѓе и исто така многу, многу сиромашни луѓе. Сигурен сум дека тоа постои и во Куба можеби, но во целина, се чини дека сите се на исто ниво. Се прашувам дали таквото општествено уредување им дава на овие луѓе подобро чувство на еднаквост во споредба со сите оние од нас кои живеат во типично капиталистички земји!?

    © Michael MacDonald

    “Строгиот поглед од оваа жена чија што работа е да ги дистрибуира средствата на владата во Тринидад, Куба беше неверојатен.”


    Како дизајнер, дали направи истражување за тоа како работите стојат со дизајнот во Куба? Може ли духот на Куба понатаму биде инспирација за твоите дизајни?

    М. M.: Бев дефинитивно фасциниран од Куба и нејзината естетика. Прво има богата и славна уметничка заедница. Сликари и скулптори работат низ целата земја, на нафтени јавни места, па дури и на пазарите. Моите омилени се политичките слогани и постери кои ги овековечуваат идеологиите на револуцијата. Тоа е можеби клише, но сликите на графити и постери на Че Гевара и Фидел Кастро и други револуционери ви даваат вистинско чувство за место, додека имате чувство дека сте се вратиле во некое време време од некоја друга ера. Текстурите и боите на старите колонијални градби со излупени и распарчени ѕидови ми дадоа инспирација за мојата идна креација и сигурен сум дека некои од моите проекти во иднина ќе имаат корист искуствата во оваа прекрасна земја.

    © Michael MacDonald 

    “Конрад – книжар. Сантијаго де Куба. Мојот пријател купуваше стар албум на винил во продавницата на Конрад. Тој дури и го потпиша за него. А, ова мене ми даде можност да го направам негов портрет.”


    © Michael MacDonald 

    “Колку ли само приказни се кријат во очите овие луѓе од Куба…”

    CastroCubaGevaraHavanaинтервјуКубапатувањаПатувањерепортажафотографиифотографијаХавана
    • На сцената надвор од Скопје: експериментални амбиентални пејзажи во Артикултура Битола

    • Прво издание на Истражувачкиот филмски фестивал

    You Might Also Like

    Тито во Африка – изложба на слики на солидарноста

    October 17, 2017

    Оваа жена има поминато 14 години во фотографирање на најстарите стебла во светот

    October 19, 2017

    ФИЛМ – изложба на Самир Љума

    November 8, 2018

Рубрики

Најново

  • NOMADS музика: Амбиент албуми 2018

    February 15, 2019
  • ЕГЗИТ објави жестоки гитарски засилувања за „Експлозив” бината

    February 15, 2019
  • NOMADS уметник: Игор Манојловски

    February 14, 2019
  • Проекција на филмот Југо во Котур

    February 14, 2019
  • Кратки филмови на Игор Иванов Изи

    February 14, 2019
  • Изведба на оперската претстава „Хофманови приказни“

    February 13, 2019
  • Гостување на МОБ во Велес и Битола со балетската претстава „Либертанго“

    February 13, 2019
  • EXIT Dance Arena моќна како никогаш досега

    February 13, 2019
  • Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Скопје

    February 13, 2019
  • Архитектонска изложба „Загрозен модернизам“

    February 12, 2019

nomads.mk на instagram!

  • Dubioza kolektiv #taksirat
  • #trapdafuckup #taksirat
  • #nouvellevague #taksirat #concert
  • #taksirat #20 🤗
  • #botovacha, изложба на Instagram фотографии. 
Повеќе инфо на www.nomads.mk
  • #botovacha со нова изложба на Instagram фотографии.
Повеќе инфо на www.nomads.mk

Следете не на Instagram!

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.