Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Литература Случувања

    Промоција на „Треба да е лесно“ од Снежана Стојчевска

    October 18, 2017

    Во склоп на BookStar  европскиот фестивал за литература, на 26 октомври (четврток) во Клуб Ресторан МКЦ со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Треба да е лесно“ од Снежана Стојчевска, во издание на издавачката куќа Антолог. Книгата ќе ја промовираат: Ана Голејшка, Јосип Коцев и Славица П. Диневска.

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    Илустрација на корица: Александар Иванов
    Фотографија на корица: Роберт Јанкулоски
    Главен уредник: Жарко Кујунџиски
    Лектура: Кристина Велевска
    Издание: Антолог 2017

     

    Најновиот поетски ракопис на Снежана Стојчевска е силно сведоштво дека таа умее непосредно и неусилено да ги „(пре)сретне“ и да ги овековечи поетски вредните мигови, како, на пример, длабоко доживеаното екстатично сознание дека Светот е убав. / Убави сме и ние во него. Вредноста на оваа поезија, меѓу другото, е во тоа што во неа вешто се опеваат и се слават токму миговите за кои вреди да се живее. Та затоа воопшто не нѐ изненадува тоа што и оваа најнова стихозбирка изобилува со антологиски љубовни песни, чија непоматена аура се доловува со мотото: Се прелевам / како чаша од која претекува вода сум / полна љубов. Поетската интуиција на Снежана Стојчевска ја опева трансформативната моќ на љубовта: токму кога вистински и интензивно се љуби светот станува убаво место за живеење. – ќе каже рецензентот Владимир Мартиновски за оваа книга.

    Снежана Стојчевска е родена 1980 година во Скопје. Дипломира на Инситутот за Педагогија при Филозофскиот Факултет во Скопје. Во 2012 ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на ИЛИ ИЛИ, како дел од едицијата Русалки во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели Мугри“ за 2013 година, што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга „Модри Фантазии“ во издание на издавачката куќа Темплум. Издавачката куќа Антолог ја издаде нејзината најнова книга “Треба да е лесно” која е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија. Застапена е во повеќе антологии на млада македонска поезија, како и во aнтологијата на aлбански јазик „Гласот на водата“ во склоп на Меѓународен поетски фестивал Деновите не Наим XIXиздание во 2015. Во 2016 настапува на XV Меѓународна книжевна средба во Велење, Словенија, каде е објавена во антологија на словенечки јазик „Фестивална антологија на изворна и преведена европска поезија на 21-от век“. Застапена е во антологијата “Лирски додекамерон” приредена од проф. Владимир Мартиновски, која покрај македонско доживеа и српско издание. Настапувала на повеќе поетски фестивали во земјава и странство.

    NOMADS интервјуто со Снежана Стојчевска можете да гопрочитате тука. 

    поезијаПромоцијаСнежана СтојчевскаТреба да е лесно
    • Транзициски хитови Vol.1 – изложба на Владимир Лукаш

    • Chk Chk Chk по втор пат во МКЦ

    You Might Also Like

    Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП

    March 22, 2019

    Скопје постер фестивал

    November 6, 2017

    Завршна изложба на дела на ликовното студио „Арс вивенди“

    June 5, 2019

Рубрики

Најново

  • Протестен марш на иницијативата „Култура или фискултура“

    March 4, 2021
  • МСУ со отворен повик до сите млади уметници за престојното 13. Биенале на млади уметници

    March 3, 2021
  • Протестен марш за ослободување од режимските културни политики

    March 1, 2021
  • Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

    February 25, 2021
  • Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    February 23, 2021
  • Сагата во НУ Културен центар „Антон Панов“ продолжува

    February 20, 2021
  • Реакција на МАИ во однос на доцнењето на резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура

    February 17, 2021
  • Излезе првиот број на електронско списание за литература, култура и уметност, „(е)Лит“

    February 15, 2021
  • Поставена изложбата Folded на младиот фотограф Зоран Шекеров

    February 15, 2021
  • Запоставен институтот за фолклор „Марко Цепенков“

    February 15, 2021

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.