Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Интервју Литература

    NOMADS интервју: Снежана Стојчевска

    October 18, 2017

    Снежана Стојчевска во 2012 ја објавува својата прва поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на ИЛИ ИЛИ, а „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели Мугри“ за 2013 година. Во меѓувреме настапува и организира многу поетски настани и фестивали, а присутна е и во повеќе антологии на млада македонска поезија. Во 2015 година ја објавува и третата поетска книга во издание на издавачката куќа Темплум, а нејзината најнова книга „Треба да е лесно“ чија промоција ќе ја доживее токму на фестивалот фестивалот на европската литература „BookStar“, излезе во мај годинава во издание на издавачката куќа Антолог. За нејзините  книжевни преференци, ставови и инспирацијата ќе проговориме во следните редови.  

    Интервјуира: Бобан Ристевски

    Треба да е лесно е твоја четврта по ред збирка со поезија. Колку оваа книга е поврзана со твоите претходни книги? Од каде ја црпиш инспирацијата за твојата поезија и кои се најчестите мотиви во истата?

    С.С.: Цели десет години пишувам поезија и за тоа време веќе имам изградено свој препознатлив ракопис, кој може да се забележи во сите мои книги. Првите три книги се своевидна трилогија на болката и тоа е завршен циклус. Она што ја прави „Треба да е лесно“ поинаква од другите е отсуството од болка, иако може да се насети некоја подлабока тага, онаа што засекогаш останува со нас. Инспирацијата ми доаѓа од световите во и надвор од мене. Tематски оваа книга е најразновидна и најведра. Содржи три циклуси, од кои во првиот темата е потрага по духовен мир, вториот дел е посветен на семејната поврзаност, а третиот дел е налик на албум со слики на една среќна љубовна приказна.

    Што читаш? Наброј некои од за тебе омилените книжевни дела (поезија, проза, итн.) што ти се влијание и најмногу те инспирирале…

    С.С.: Поинаков однос имам кон поезијата отколку кон прозата. Поезијата е мој дом во кој секојдневно се враќам. Поетските книги ги читам повеќепати. Некогаш е доволно да прочитам една песна или еден стих за да најдам сила да го минам денот или да најдам духовен мир. Омилен поет ми е Орхан Вели, неговите песни, навидум многу едноставни, во себе содржат длабока филозофија. Во последно време уживам кога го читам Бернхард Шлинк. Ново откритие ми се и скандинавските автори, тука би ја споменала книгата „Берлински тополи“ од норвешката авторка Ане Рагде.

    Кои се твоите размислувања за современата македонска книжевна состојба или сцена/продукција? Кои дела од македонските автори особено ти се допаѓаат?

    С.С.: Македонската книжевна сцена во последниве неколку години го доживува подемот што македонската музика го имаше во деведесеттите години на минатиот век. Позитивно е тоа што имаме голема продукција и меѓу нив одлични книги. Мислам дека ова е само почеток затоа што пишаниот збор е создаден за да се шири и да ги премине границите на нашата држава и многу ме радува што почна еден бран на преводи и издавање македонски автори во соседните земји. Морам да напомнам дека и мојата втора книга, „Под нулата“, е преведена на словенечки јазик од страна на Лара Миховилович и се надеваме дека наскоро ќе доживее печатено издание. Исто така, морам да ги споменам „Астални проекции“, кои се зрак светлина на целата културна сцена. Секој прв вторник во месецот во „Менада“ поезијата се дише и живее. Од македонските автори што ми се омилени би ги споменала Ѓоко Здравески, Митко Апостолов, Николина Андова-Шопова, Јосип Коцев, Фросина Пармаковска, Ненад Јолдески, Давор Стојановски и др.  Од сè срце ви порачувам да читате македонски автори, не само поради тоа што се наши туку и затоа што навистина имаат што да ви кажат.

    Наброј ни го твојот Топ 5 од омилени книжевни дела воопшто.

    С.С.: „Илузии“ – Ричард Бах, „Странецот“ – Албер Ками, „Дервишот и смртта“ –  Меша Селимовиќ, „Читачот“ – Бернхард Шлинк, „Риба во шише ракија“ – Орхан Вели во превод на Васко Марковски.

    1 Comment
    BookStarNOMADS интервјуинтервјулитературапоезијаСнежана Стојчевска
    • Тито во Африка – изложба на слики на солидарноста

    • Numeroventi – резиденција за уметници во Фиренца

    You Might Also Like

    Претставување на проф. д-р Димитар Пандев – добитник на наградата „Книжевна далга“

    October 10, 2019

    NOMADS интервју: Глигор Кондовски – режисер

    November 18, 2017

    Прогласување победник на наградата за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ”

    September 25, 2019

Рубрики

Најново

  • Протестен марш на иницијативата „Култура или фискултура“

    March 4, 2021
  • МСУ со отворен повик до сите млади уметници за престојното 13. Биенале на млади уметници

    March 3, 2021
  • Протестен марш за ослободување од режимските културни политики

    March 1, 2021
  • Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

    February 25, 2021
  • Стручен уметнички директор и секторски раководители за Струмичкиот културен центар

    February 23, 2021
  • Сагата во НУ Културен центар „Антон Панов“ продолжува

    February 20, 2021
  • Реакција на МАИ во однос на доцнењето на резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура

    February 17, 2021
  • Излезе првиот број на електронско списание за литература, култура и уметност, „(е)Лит“

    February 15, 2021
  • Поставена изложбата Folded на младиот фотограф Зоран Шекеров

    February 15, 2021
  • Запоставен институтот за фолклор „Марко Цепенков“

    February 15, 2021

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.