Close Sidebar close
nomads.mk
  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ

Subscribe & Follow

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.

  • Home
  • ЛУЃЕ
    • ПРЕТСТАВУВАЊЕ
    • ИНТЕРВЈУ
  • СЛУЧУВАЊА
  • АРТ
    • УМЕТНОСТ
    • ЛИТЕРАТУРА
    • ФИЛМ
    • ФОТОГРАФИЈА
    • ДИЗАЈН
    • МУЗИКА
  • LIFESTYLE
    • LIFESTYLE
    • ВИНО
    • ГАСТРО
    • ЗДРАВ ЖИВОТ
    • АКТИВИЗАМ
    • ПАТУВАЊЕ
  • КОНТАКТ
nomads.mk
nomads.mk
    Арт Претставување

    Естетизирана женска перспектива

    October 12, 2017

    Локалната уметничка сцена познава колективи и групации од уметници, посветени на групното/заедничкото творештво. Историски најпозната (па дури и се уште актуелна преку реактуелизирањето на својата работа) е можеби авангардната група Зеро. Актуелна е и скулпторската/ленд арт група Ѕее. Но, тука станува збор за нешто поинакво. Секако, секоја група би имала свој пристап, свој начин на работа, органиазција, креација… Но она кое оваа група, која ќе ја портретираме во следните редови, ја издвојува како единствена, е тоа што оваа уметничка симбиоза е сочинета од само женски членови, што ја прави посебно возбудлива во денешниот родово сензитивен контекст.

    Од изложбата „Да се истрае во кругот“, 2014

    Иако уметноста, нивните стилови и пристапи се параметрите кои примарно ги дефинираaт, сепак името на оваа група е можеби темелот врз кој е структурирана и поставена. Инсистирањето на половата одредница е секако присутна, но не агресивно и наметливо, без идеолошки предзнак, туку можеби чисто технички, како differentia specifica, нешто што понатаму ќе ги разликува од останатите групи (доколу ги има) во локалниот ликовен контекст.
    Настанувањето на името на групата, колку тоа и да ни изгледа интенционално, доаѓа сосема случајно, што ни го објаснува Маја Кировска, една од основачките уметници на оваа група:

    „Кога ја формиравме групата во 2012-та, веќе ја имавме закажано првата изложба во Кинотека на Македонија. Ни беше потребно име. Не се сеќавам дали имаше други предлози, но Тања го даде овој предлог и веднаш го прифативме. Од аспект на македонскиот јазик зборот има значење, тоа е стар збор за девојки, а сите членови на групата се жени. За некој кој не го познава македонскиот јазик името пак наликува на една од познатите кратенки за музеи на модерна уметност во светот“.

    Моми, наједноставно кажано, е уметничка група од седум млади авторки кои заеднички делуваат од почетокот на 2012 година, а се поврзани преку своите слично насочени размислувања за уметноста, како и близината на проблематиките кои се провокативни за нивно истражување. Кога ќе се апстрахираме од половата одредница, а се фокусираме на уметничката, што е нивниот примарен интерес, ќе дојдеме до нивните дела, кој се разгрануваат во различна стилска еклектика.

    Секоја од седумте авторки поаѓајќи од својата лична приказна, опсервирајќи низ својата визура, користејќи различни медиуми, ја претставува визијата достигната преку сопствениот контемплативен процес. Претставуваат седум различни перспективи, ослободени од табуата, популистичкиот, комерцијалниот и естетскиот притисок, спротивставени на догматското стереотипизирање и вообичаеното врамување, што е и нивен пристап во творештвото, придавајќи им нетрадиционална уметничка аура.

    Токму тие табуа сe предмет на опсервација на една од нивните изложби. Концептот табу (претставен под наслов „TABOO“ на Интернационалниот фестивал за современи уметности „NUS“ во Сплит), го разоткрива нивниот правец на размислување и идеолошка поставеност во современото доба. Бескомпромисно се бават со проблематики кој го окупираат современиот човек, предрасудите, наметнатите концепти, опресијата, но тоа го прават без отпор и агресија, туку со посочување и естетски калибрирано, вградувајќи ги во социјалната или политичка матрица, без интенција да дадат одговор.

    Моми ја сочинуваат: Ана Ивановска, Кристина Хаџиева, Зорица Зафировска, Маја Кировска, Марија Сотировска, Татјана Ристовска и Христина Зафировска

    За следната изложба („МАЛИ НЕШТА (со големи букви)” Автономен Културно Социјален Центар, Скопје) тој концепт е прекршен, модифициран, ослободен, со што отвораат сосема нов дискурс на гледање на истото дело. Преку импровизацијата, истата семиотика, но со различен распоред, дава нов исход и нова симболичка структура. Со овие две изложби, јасно го потенцираат и сопствениот начин на презентација и стилска специфика.

    Секое колективно дело е функционално само по себе, но и тоа самото е составено од помали индивидуални дела кои естетски функционираат засебно, претставувајќи го индивидиалниот креативен потенцијал. Така нивните дела се двозначни, па и полидимензионални, не потиснувајќи ја индивидуалната експресија со колективниот став и позиција. Тоа ги прави нивните дела фрактално разгранети, па гледачот може да ја чита содржината влегувајќи во индивидуалитетот, но и излегувајќи кон колективитетот.

    Од изложбата „МОМИ”, 2012

    Овој начин на работа бара комуникација и соработка на сите нивоа, за да може да се реализира комплексен естетски продукт од ваков тип. Маја Кировска ни го дефинира и доближува токму начинот на нивната колективна работа:

    „Сите авторки од групата се активни континуирано и со свои самостојни проекти. Неколку пати во годината се собираме и работиме на заеднички проекти, која соработка добро ни оди уште од работата во групата арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. оформена 2009. По запирањето на активностите на таа група во 2012-та, решивме да продолжиме поактивно во овој состав. Некогаш во една изложба обединуваме концепти на кои сме работеле во меѓувреме, а состаноците ни помагаат да се консултираме и советуваме, да размениме мислење, што секако ни помага и во индивидуалната и групната работа.“

    Со последната нивна изложба пак тие излегуваат од комфорот на своите препознатливи стилови и се испробуваат во еден сосема поинаков домејн, предизвикувајќи се себе си во дигиталните аспекти и интеракцијата со публиката. „Како снежна топка надолу по планината“ е интерактивен експеримент во кој со употреба на апилкација/софтвер покрај своите дела виртуелно прикажани, ја „принудуваат“ и публиката да ја искаже својата креативност надополнувајќи го делото, со тоа самата станувајќи уметник. Со овој пионерски обид влегуваат во сосема нови територии, со тоа трасирајќи го крeативниот пат во непознат правец и ставајќи нѐ во неизвеснот, каде стилски тие би се движеле со својата следна изложба.

    • Од изложбата „Какo снежна топка надолу по планината…“, 2015

    Изложби:
    2015 – „Какo снежна топка надолу по планината…“ Галерија ФЛУ, Скопје, Р. Македонија
    2014 – “Resist! What?” Галерија Карас, Загреб, Хрватска
    2014 – „Да се истрае во кругот“ Културно Информативен Центар (КИЦ), Скопје, Р. Македонија
    2014 – „МАЛИ НЕШТА (со големи букви)” Автономен Културно Социјален Центар, Скопје, Р. Македонија
    2013 – „Множество, Божество, Рождество” Културно-информативен центар на Р. Македонија во Софија, Бугарија
    2013 – „Множество, Божество, Рождество” Галерија Подрум-Културен центар Белград, Србија
    2013 – „Полукружење“ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, Р. Македонија
    2013 – „МОМИ II” Дом на култура „Кочо Рацин” Галерија КО-РА Скопје, Р. Македонија
    2013 – „TABOO“ Интернационален фестивал за современи уметности „NUS“ Сплит, Хрватска
    2012 – „Бакнеж во уста” Дом на култура „Иван Мазов-Климе” Кавадарци, Р. Македонија
    2012 – „Good Vibes” Мултимедијален уметнички фестивал „БОШ“ Гевгелија, Р. Македонија
    2012 – „МОМИ” Кинотека на Македонија-Скопје, Р. Македонија

    артизложбиМОМИуметност
    • Филмска работилница – Танцот со киното

    • Конкурс за најдобро кратко видео

    You Might Also Like

    Никола Радуловиќ добитник на наградата „најуспешен автор и дело” на Биеналето на млади уметници

    March 23, 2018

    NOMADS промо изложба – Ументикот како номад

    December 28, 2017

    Тошио Саеки, господарот на јапонската еротика

    October 16, 2017

Рубрики

Најново

  • NOMADS поезија: Наида Мујкиќ

    January 15, 2021
  • NOMADS рецензија: „Ќе фатит бран” – нова поетска книга на Долорес Атанасова-Лори

    January 15, 2021
  • Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

    January 15, 2021
  • Теренската снимка на македонскиот звучен уметник Тони Димитров дел од „Пандемиските звучни пејзажи на Европа“

    January 10, 2021
  • NOMADS рецензија: „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски

    January 9, 2021
  • „Стаклени сенки“ или поезија за времето од Милчо Мисоски

    December 28, 2020
  • Промоција на книга и проекција на филм – „Замислување на мирот“

    November 2, 2020
  • Успешна психолошка книга

    October 24, 2020
  • Три дена европска и македонска литература на „BOOKSTAR“ во Кинотека

    October 19, 2020
  • Распродаден концертот на Архангел

    October 13, 2020

2017 ©NOMADS - All Rights Reserved.